Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Без LEI, нема трговија. Дали сте подготвени за MiFID II регулативата на ЕУ? Исполнете ги глобалните регулаторни барања во финансискиот сектор со користење на GS1 LEI услугата.
Правни лица кои имаат добиено и обновено LEI броеви преку GS1 Македонија:
GS1 Македонија како посредник на GS1 GO може да Ви помогне во добивањето, префрлањето и обновувањето на Вашиот LEI број. GS1 Македонија од 1-ви Јануари 2019 e ПРВ акредитиран локален Агент за Регистрација за добивање на Идентификационен број за правните субјекти (LEI) на територијата на Република Македонија.GS1 e GLEIF (Global Legal Entity Identifier Foundation) акредитиран издавач на LEI, глобално.
GS1 Македонија е една од 112 национални GS1 организации која ќе Ви пружи локална поддршка, со професионален кадар за проверка на податоци, познавање на локалните закони и регулативи.
Процесот за добивање на LEI број се изведува во три едноставни чекори - креирање на кориснички профил, пополнување он-лајн формулар и добивање на LEI број за максимум 72 часа* од аплицирањето.
Доколку веќе поседувате LEI број, а сте незадоволни од услугата и поддршката што ја добивате од постојниот LEI издавач, GS1 Македонија може да ви помогне БЕСПЛАТНО да го префрлите вашиот постоечки LEI број во GS1.
Цената за издавање на LEI број во GS1 e 89 ЕУР* еднократно за првата година од издавањето на бројот. LEI бројот е валиден една година од датумот на издавање, цената за обнова на LEI број е 59 ЕУР.
Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) е 20-цифрен алфа-нумерички код базиран на ISO стандардот број 17442 развиен од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Овој код се поврзува со клучните податоци кои овозможуваат прецизно и единствено идентификување на правните субјекти кои имаат учество во финансиски трансакции. Едноставно кажано, јавно достапната база на податоци за LEI кодови може да се смета како глобален регистар за LEI, кој дополнително би ја зголемило транспарентноста на глобалниот пазар.
За GLEIF
Функции на GLEIF
Употребата на LEI е наложена од страна на Европската регулаторна институција, надлежна за надзор и усогласеност во работењето со хартиите од вредност и финансиските пазари (ESMA-European Securities and Markets Authority), со цел да се врши известување за трансакциите поврзани со тргувањето со деривативи до овластените депозитари на деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер, согласно Европската регулатива за пазарна инфраструктура (European Market Infrastructure Regulation-EMIR), надлежна за супервизија на тргувањето со финансиски деривативи кое не се одвива на официјален пазар.
Според регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот, операторите се обврзани да обезбедат LEI код за секој издавач на хартии од вредност кои се предмет на тргување. Брокерските куќи ќе бидат обврзани да обезбедат LEI код за своите клиенти кои ги исполнуваат условите за LEI и чии хартии од вредност се предмет на тргување, во спротивно ваквите трговски трансакции нема да бидат спроведени.
Дополнително, задолжителното поседување на LEI број за правните лица е веќе утврдено со неколку ЕУ регулативи и директиви, како што се:
Согласно правилата на Глобалната Фондација за издавање на Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) - GLEIF, правните субјекти слободно без договорни обврски може пред истекот на валидноста на LEI бројот истиот да го префрлат во GS1 од било кој друг издавач (LOU*) на LEI броеви. Префрлањето од било кој издавач на LEI број во GS1 е БЕСПЛАТНО и многу едноставно. По електрноското аплицирање за префрлање на LEI бројот во GS1, GS1 ја превзема и ја води целокупната процедура и комуникаицја со вашиот моментален издавач на LEI бројот кој што сакате да го префрлите во GS1. По завршувањето на процедурата, вие ќе бидете известени и контактирани од GS1 за исходот од процедурата и понатамошните чекори што треба да ги направите.
e-mail: lei@gs1mk.org.mk
Моб:+389 (0)70 22 24 63
Моб:+389 (0)70 33 34 59