еИнфo
No2 - Maj 2013

 


Содржина

Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија ја прославија 40-та годишнина на GS1

 

40 години бар кодови


Работна посета на винарската визба "Повардарие" АД Неготино

 

Новости

WCO и GS1 ги здружуваат силите во борбата против фалсификувањето и го пуштаат во употреба новиот мобилен IPM

 

Теми на бројот

 GS1 стандардите можат да им помогнат на владите да ја зголемат безбедноста на нивните граѓани  

 

Новoсти
WCO и GS1 ги здружуваат силите во борбата против фалсификувањето и го пуштаат во употреба новиот мобилен IPM
  
       Светската Царинска Организација (The World Customs Organization-WCO) и GS1 ќе учествуваат на претстојниот 7ми Глобален Конгрес за Борба против Фалсификувањето и Пиратеријата, кој ќе се одржи во Истанбул, Турција од 24 до 26 април. Во оваа прилика, двете организации ќе ја претстават новата мобилна верзија на IPM (Interface Public-Members), он-лајн алатка на WCO која служи како интерфејс меѓу царинските службеници од првата линија и приватниот сектор.
     Настојувајќи да се справат со недозволената трговија со фалсификувани и пиратски стоки, WCO и GS1 се посветени на обезбедување на Царината со најдобрите достапни технологии. WCO за првпат го претстави IPM во 2010 година за да ја засили соработката меѓу Царината и сопствениците на правата преку олеснување на размената на информациите и зајакнување на капацитетот на Царината за борба против фалсификувањето. Оттогаш, преку 50 држзави се приклучија и околу 3.000 Царински службеници сега се приклучени во IPM.

Следејќи го договорот меѓу WCO и GS1 за соработка насочена кон оптимизација на нивна-

  та борба против  фалсификатите, GS1 стандардите за идентификација се интеркорпорирани во IPM, овозможувајќи веродостојна и чиста автентификација на едниниците и со тоа јакнење на легитимитетот на IPM како единствена алатка на глобално ниво за борба против фалсификувањето и пиратеријата.
          Врз основа на верзијата на IPM која има огромен успех, WCO и GS1 со задоволство ја претставија најновата – мобилна верзија на IPM. Оваа нова верзија нуди нови функции како што е користењето на мобилни уреди за скенирање на индустриските стандарди - GS1 БарКодовите кои се наоѓаат на милиони производи, овозможувајќи притоа пребарување низ базата на податоци за производите на побрз и поефикасен начин.
   Единствениот Идентификатор на производот вграден во GS1 бар кодот ќе го олесни пристапот до поголем број бази на податоци обезбедувајќи доверлив извор на информации за производите. Скенирањето на GS1 БарКодовите исто така ќе овозможи автоматско поврзување со било кој автентификациски сервис поврзан со контролираниот производ.
           Царинските службеници на овој начин имаат пристап до подетални информации за производите, а дополнително сопствениците на правата ќе бидат охрабрени да се приклучат во IPM.

Генералниот Секретар на WCO, Kunio Mikuriya


     Генералниот Секретар Микурија притоа додаде и дека “корисноста на IPM постигна глобална препознатливост од страна на нашите партнери од приватниот сектор. Нашата соработка со GS1 ни овозможи понатамошен развој на функционалности на IPM, правејќи го попристапен и доверлив. Несомнено, IPM е есенцијална алатка за помош на Царинските службеници при разликувањето на оригиналните од фалсификуваните производи”. “Со GS1 системот на стандарди и нашата сèвкупна стручност во менаџментот на синџирот на снабдување, GS1 може да им помогне на Царинските органи во процесот на подобрување на нивниот капацитет за откривање на фалсификуваните производи ", изјави Претседателот и Извршен Директор на GS1, Мигел Лопера (Miguel Lopera).\
    “Новата, мобилна верзија на IPM во која се интегрирани GS1 БарКодовите и сервисите за нивна автентификација, на сопствениците на брендовите од сите сектори им дава можност да работат директно со Царината за подеднакво ги заштитат своите брендови и потрошувачите” додаде Претседателот Лопера.
    GS1 и WCO постојано соработуваат на решавање на проблемите поврзани со Царинските прашања, со цел да се обезбедат решенија за конкретна идентификација и следливост, за да може Царината да ги идентификува потенцијално фалсификуваните стоки. Соработката меѓу двете организации дополнително е зајакната со Меморандумот за Разбирање потпишан во ноември 2007 година.

(Известување за јавноста - Брисел, 22 април 2013)