Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Македонски English
Современите услови на работење, интерактивниот однос на учесниците во пазарната конкуренција и борбата за афирмација и опстанок на пазарот бараат секојдневно донесување на нови стратешки одлуки и нивна адекватна оперативна имплементација.
Квалитетен систем на Акредитација подразбира постоење, редовно ажурирање и достапност на целосни, прецизни информации за сертифицирано деловно користење, во национални и меѓународни рамки, на доделените компаниски префикси - Единствени матични GS1 броеви (GS1 ЕМБ) на членките на GS1 Македонија како основа за легално и стандардизирано баркодирање на нејзините производи и услуги, формирање на глобалните локациски броеви (GLN) и регистарот на Глобалните броеви на трговските производи и услуги GTIN (Global Trade Item Number).
Сертифицирана акредитацијата е доказ за бонитетот на фирмата во Меѓународниот G1 систем и правилната имплементација на стандардите на GS1 системот во сите негови сегменти.
Право на сертифицирана акредитација во GS1 системот GS1 Македонија, GS1 in Europe и Мегународната GS1 Организација имаат сите членки на GS1 Македонија освен оние кои се во стечај или ликвидација, со непријавена статусна промена во последните две години, односно со неподмирени или нередовно подмирени обврски кон GS1 Македонија по основ на членарина и надоместок за користење на GS1 бројот.
Системот за акредитација е воспоставен во 2007 година, со Одлука на Управниот одбор на GS1 Македонија (бр. 47-13/4 од 02.04.2007). Со воспоставување на Регистарот на Акредитирани фирми и негово објавување на web страната на GS1 Македонија, реализирана е значителна интеграција и стандардизација на податоците во GS1 Македонија. Паралелно со тоа се одвива и процесот на истакнување на значајот и промоција на улогата на Акредитацијата за членките на GS1 Македонија.
Изградба на модерен и ефикасен систем на рејтингот ('scoring') како оценка на способноста на членките на GS1 Македонија во подмирувањето на своите обврски, кој заедно со другите мерки на економската политика на Владата на Република Македонија, треба да придонесе за создавање на мултидимензионален систем на вреднување на финансиско-стопанските перформанси на стопанските субјекти - членки на GS1 Македонија, намалување на системскиот ризик, хармонизација и стандардизација на деловното работење на македонската бизнис заедница во актуелните интеграциони процеси кон ЕУ и НАТО.
Сертифицираната акредитација на членките на GS1 Македонија е оценка на способноста на фирмата за подмирување на своите обврски по основ на членството и право на легално користење на GS1 ЕМБ во национални и меѓународни рамки. Имајќи предвид дека за добра пазарна репутација е неопходно донесување бројни деловни одлуки, сертифицираното акредитирано членување во GS1 системот е значителен показател и поддршка во изборот на деловниот партнер и следењето на конкурентските компании, односно промоција на сопствените деловни квалитети и потврда на успешноста и рејтингот во националната и мегународната бизнис заедница.
Системот на Сертифицирана акредитација ќе придонесе за:
Промоција на проектот "Акредитација" на Генерално Собрание 2008
Акредитирани членки
Проверка на контролна цифра
Мој GS1