Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
ГС1 Македонија (ул. Даме Груев бр. 5) 15/12/2022 11:00
Почитувани,Согласно член 13 став 2 и став 6 од Статутот на Здружението на граѓани Асоцијација за ГС1 стандарди ГС1 Македонија, ГС1 Македонија ги информира своите членки дека на 15.12.2022 година (петок) во 11:00 часот во просториите на ГС1 Македонија, ул. Даме Груев бр. 5, Скопје ќе се одржи седница на Генералното собрание на ГС1 Македонија.ГС1 Македонија ги повикува сите свои членки, заради изминување на тригодишниот мандат од работењето на Управниот одбор, да номинираат свој кандидат за член на новиот Управен одбор кој ќе биде избран на XVIII –та седница на Генералното собрание на ГС1 Македонија.Секоја номинација треба да ги исполнува следните услови :- Да биде поднесана во писмена форма;- Да е потпишана од лицето што го предлага кандидатот и од предложениот кандидат;- Да биде доставена до Генералниот извршен директор на ГС1 Македонија најмалку седум дена пред одржување на седницата на Собранието, на адреса: ул. Даме Груев бр.5 - Скопје;- За номинираниот кандидат да биде приложено и неговото CV;- Во прилог на номинацијата да биде доставена и писмена изјава од номинираниот кандидат дека ќе ја извршува функцијата доколку биде избран.*Повикот трае 14 дена од денот на неговото објавување на 22.11.2022 година и трае до 06.12.2022 год.
Најавете се online тука .
Документи:
Настани
Новости