Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На 06 и 7 мај 2014 година се одржа Прва регионалана конференција за RFID насловена “Back to the Future” (Назад во иднината) во WESTIN Hotel, Загреб, Република Хрватска, во соорганизација на GS1 Хрватска. На Конференцијата присуствуваа двајца претставници од GS1Македонија: Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор и Кирил Коровешовски, технички советник.На конференцијата присуствуваа над 70 претставници од различни индустриски сектори поврзани со имплементацијата на RFID технологијата од Балканот.
Извршните директори на GS1 Македонија и GS1 Србија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ и г-дин Мирослав Илиќ
На конференцијата свои презентации имаа 22 стручни лица и експерти од повеќе области поврзани со RFID технологијата.
Воведен говор на г-дин Вељко Битух, SELMET DOO, организатор на Конференцијата
Конференцијата беше официјално отворена од извршниот директор на GS1 Хрватска, г-ѓа Клара Кариван
Презентации одржаа:
RFID технологијата, односно RFID таговите се користат во разлни области од секојдневното живеење, а за голем дел од ваквите употреби не сме свесни (клучевите за автомобили, таговите на облеката,...). Сепак постојат некои области (текстилна индустрија, транспорт и логистика, следливост на свежа храна, здравство, означување и следење на архивски документи, автоматско следење и контрола на квалитет, ...) во кои во иднина се планира дека RFID технологијата ќе успее да го револуционира начинот на деловното работење и ќе предизвика зголемен интерес кај потрошувачите за производите означени со ваквите RFID тагови. Дел од практичната примена на RFID технологијата беше презентирана од претставниците на компаниите учесници на конференцијата.
Изложбен салон со презентација на најновата технологија за RFID и фирми кои ја произведуваат опремата
Заклучокот од RFID конференцијата беше дека оваа технологија ќе биде иднината во означувањето на производите, но поради техничките ограничувања, а особено поради високите трошоци и неможноста за навремно враќање на инвестицијата (ROI), и во Хрватска и во другите земји таа најпрво би се користела за означување на контејнери, палети или други поголеми единици во хиерархијата на пакување, како и на скапи производи, а со намалување на цената би се користела паралелно со постоечкиот бар код.
Настани
Новости