Logo: GS1 - The global language of business
 
|
English  Македонски Shqipe
Дома | GS1 Global Office | GS1 Local Offices | 2012-02-06
GS1 is a leading global organisation dedicated to the design and implementation of global standards and solutions to improve efficiencey and visibility in supply and demand chains globally and across sectors.
Q&A

НАЈЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ДАДЕНИ ОДГОВОРИ

 1. Што е GS1 систем?

GS1   систем   е     единствен    меѓународен    систем     на   стандарди    за идентификација    на    производите,   услугите,   транспортните    единици, средствата и локацијата. Тој  овозможува  стандарзицација  и унификација на трговијата во светски рамки.

2. Што се GS1 стандарди?

GS1    стандардите    се   меѓународен    систем     на   стандарди   што    се применуваат    за    кодирање   и   идентификација   на   разни   објекти     и овозможуваат обавување на електронската трговија.

3. Што е Единствен Матичен GS1 Број (GS1ЕМБ)? 

GS1 ЕМБ  (Company Number)  го  доделува   GS1 Македонија  при   Вашето зачленување согласно со светските стандарди. Тоа е Матичен број  кој  во национални   рамки  е  единствен  и  резервиран само за Вашате фирма, со кој Вие и Вашите производи се идентификувате во домашниот и светскиот трговски   и   дистрибутивен  систем.  Во   зависност   од      резервираниот капацитет  за  баркодирање,  доделениот  GS1 ЕМБ  број е  составен  од  4 бројки (за 100,000 артикли) до 7 бројки (за 100 артикли).

4. Што е GS1 број?

Кога на Вашиот  Единствен  Матичен GS1 број се придодаде префиксот на националната    GS1  организација, се  формира  GS1 број  (Company Prefix) којшто, не само во национални, туку и во меѓународни рамки е единствен и резервиран  само  за  Вашата  компанија.  Во  зависност  од резервираниот капацитет  за  баркодирање,  доделениот  GS1 број е  составен од 7 бројки (за 100,000) артикли до 10 бројки ( за 100 артикли). Меѓународниот  префикс  на  Македонската  асоцијација за нумерирање на артиклите    GS1 Македонија  е   531,   доделен  од    Меѓународната    GS1 организација.

5. Да ли првите  бројки  говорат за земјата од каде потекнува производот? 

Не. Првите бројки се однесуваат на националната организација (членка на Меѓународната  GS1 организација), која  на компанијата  го  доделила GS1 бројот.  Самите  производи  можат  да  бидат произведени  било   каде  во светот. На пример, GS1 броевите  што започнуваат  со 531 се доделени од GS1    Македонија    на    компаниите    членки   на     GS1 Македонија,    но компанијата не мора да произведува во Македонија. Истото се однесува и на  сите   останати  национални   GS1 организации   за   нумерирање  и   на нивните префикси, кои што можат да бидат со две или три бројки.

6. Што е GS1 бар код симбол?

GS1  бар  код  симболот  е  GS1  шифра,  графички  претставена во вид на правоаголна  површина  што  ја  сочинуваат  низа  од  темни  риги и светли меѓупростори  што  овозможуваат  електронската  опрема  да  ја  прочита деловната информација содржана во нив.

7. Што е бар код симбологија?

Симбологијата  е  збир  на  правила  што  го  дефинираат  кодирањето  на различните   знакови  со  помош  на  различниот  распоред  и   густина   на темните риги и светлите меѓупростори.

8. Да  ли  по  воведување  на  бар код мораме  да  го  смениме системот на номенклатура на артиклите, деловите и тн.?

Не. Бар кодот  не  менува ШТО внесувате, туку КАКО  внесувате. Наместо рачно  внесување  на  шифрите  или преку тастатура, скенерот го чита бар кодот, го декодира  и ги  праќа  податоците  директно во компјутер. Значи, Вашите  интерни  броеви не  мора да се сменат  за да се  примени бар  код идентификација.

9. Да ли бојата на бар кодот мора секогаш да биде црно бела?

Не. Можете да правите комбинација на боите за темните риги и светлите меѓупростори,  но     според   одредени     правила   за   што   ќе    добиете информации во Службата на GS1 Македонија.

10. Нема доволно место на етикетета. Да ли можам да го намалам симболот?

Не.  Никакво  скратување  и  дотерување  на  постојниот  GS1 симбол   со разни програми за обработка не е дозволено. GS1 симбол  треба повторно да  се  изработи  и  тогаш  може  да  се користи  факторот за зголемување (намалување)  што  ги   утврдила   GS1 организцијата,  за  25  големини  во однос на номиналната големина.  и се движат од 0,8 до 2,0.
 За исклучително мали пакувања треба да се јавите во GS1 Македонија за да добиете GS1 8 број.

11. Добив GS1 бар код симбол на хартија. Да ли со снимање можам да го намалам?

Не. Намалување или  зголемување на  симболот може да се изврши само со   користење   на    утврдените   стандарди   со  помош   на    специјални компјутерски   програми според GS1 спецификациите, а  не со било какво фотографско снимање. Податоците за висината на симболот, ширината и тн. се  внесуваат  во    компјутер    тој  ги  обработува  и   репродуцира   на излезната единица.

12. Да ли со овој број можам да ја обележувам и другата стока што не сум ја пријавил при зачленувањето во GS1 Македонија?

Да.  За  сите  дејности  за  кои  што  сте  регистрирани  во  Прилог бр. 3 од судското  решение, но  имате  обврска   редовно  да  водите   Регистар  на баркодираните    артикли   и   да   го   доставувате   до     GS1 Македонија. Регистарот  (Формулари 02 и 03)   може  да  се   преземе (во pdf форма) од web-страната на GS1 Македонија.

13. Да ли со истиот број ги означувам и збирните пакувања?

Не. Секое   збирно  пакување добива  нов  број,   којшто  се  разликува  од бројот на артиклот што се наоѓа во збирното пакување.

14. Да ли можам дел од своеото право за баркодирање на определен број артикли да дадам на друга фирма?

Не.  Согласно   стандардите    на    GS1  системот   строго   е    забрането отстапување  или   продавање на дел од Вашиот доделен  капацитет (100, 1000, 10,000  и 100,000)  за  баркодирање   на   артикли   и    се   смета   за злоупотреба,   што   повлекува   исклучување   од   членството   на    GS1 Македонија, одземање на бројот и други консеквенци.

15. Да  ли  на  веќе  изготвени  етикети  можам  да  вградам   GS1 бар код симбол?

Да. Доколку изготвите самолепливи етикети со бар кодот.

16. Како   можам   за   своите    производи    да    добијам    GS1  број    за баркодирање?

Едноставно. По телефон    контактирате  со    GS1 Македонија  и  ние   Ви испраќаме пристапница и Формулар 01 по факс или е-маил,  пополнета ни ја  враќате  по  факс  или  е-маил, Ви   испраќаме  фактура   по  факс и  по нејзината уплата  доаѓате  во GS1 Македонија и добивате  Ваш Единствен GS1 ЕМБ   број  за  бар кодирање  на Вашите производи. Пристапницата и Формуларот  01 можат да се  преземат (во pdf форма) од  web-страната на GS1 Македонија.


17. Кои се правата и обврските на членките на GS1 Македонија?

 -да ги почитуваат  одредбите  од Статутот и Договорот што се однесуваат на нив;
 -строго да се придржуваат кон правилата и стандардите на GS1 системот;
 -редовно да ја плаќаат годишната членарина;
 -доделениот GS1 број да го користат само за потребите на својата фирма;
 -доколку не  го  користат повеќе  GS1 бројот  за  баркодирање  на  своите производи,  писмено  да се  откажат  од членството  во  GS1 Македонија и го вратат оригиналното решение за доделениот GS1 број, или да го сменат својот статус од активна во пасивна членка на GS1 Македонија
 -да ја преземат  одговорноста  за штетите причинети  со своето несовесно работење од областа на GS1 системот.

18. Каде можам да го употребам добиениот GS1 број?

GS1 бројот  можете  да  го  употребите  за означување на своите артикли, услуги,  локации,  транспортни  единици  и  тн.,  односно  секаде  каде  што постои  потреба  за  идентификација на Вашите производи, или потреба од брзо и точно читање на баркодираните информации.

19. Да ли  постои  законска обврска  секој производ  во Македонија да има свој бар код?

Не, но трговијата  не може  да  ја  прифати  стоката  што  нема  бар код.

20. Да ли постои законска обврска  извозниот производ да има бар код?

Не, доколку   странскиот купувач  ја прифати стоката без  бар код, или во случај  да  ја  препакува  и  стави  негов бар код,  со што Вашата  фирма го губи идентитетот.

21. Во Македонија  произведуваме странски производ по лиценца. Мораме ли на него да ставиме наш бар код?
Да,  бидејќи  бар кодот  првенствено  го   означува  потеклото, те.   земјата на производство.

22. Увезуваме  веќе  баркодиран  производ. Мораме ли на него да ставиме наш бар код?

Не. Еднаш  баркодиран  производ  со GS1 баркод не треба повторно да се означува бидејки е веќе баркодиран по меѓународни GS1 стандарди.

23. Што да правам кога ќе ги искористам сите броеви, односно доделениот капацитет за баркодирање?

Треба да се јавите во  GS1 Македонија и ќе Ви се додели нов GS1 број или ќе Ви се зголеми правото за баркодирање на веќе доделениот GS1 број.

24. Да ли  членарината  важи само за  годината во која сум се зачленил во GS1 Македонија?

Не, без  оглед  во   кој   период   од   годината  сте  се   зачлениле   во GS1 Македонија, членарината важи 12 месеци од денот на зачленувањето.  Во зависност  од   кварталот  на   годината во кој е извршено зачленувањето, Фактурирањето на членарината се врши во почетокот на кварталот, и тоа во Јануари, Април, Јули и Октомври.

    Print