Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4 25/10/2016 10:30
Почитувани,GS1 Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува на бесплатен еднодневен едукативно-информативен семинар, на кој за прв пат во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со примената на GS1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивно користење. Тоа е можност да се запозанете со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на Вашите деловни процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Примената на GS1 стандардите Ви овозможува да ги намалите трошоците, ги подобрите транспортните и логистичките операции, ги одржите залихите на оптимално ниво, ја зголемите продажбата и извозот. Семинарот е наменет за сите компании од областа на текстилната индустрија, (облека, мода и обувки). Предавач на семинарот е г-дин Маркус Милер, германски експерт за воведување на GS1 стандардите во текстилната индустрија, со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL- GS1 Global Office, Brussels, како директор на индустријски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка. Искористете ја оваа можност за бесплатно проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис.Ве молиме да се пријавите најдоцна до 21 октомври 2016 година (петок), бидејќи 24 октомври (понеделник) е неработен ден во РМ.
Најавете се online тука .
Документи:
Настани
Новости