Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во светот и кај нас постои зголемена побарувачка на чести испораки на мали пратки и достава до точно одредена локација во области со голема населеност и сообраќаен застој. Доставата треба да се направи со најнизок можен трошок со користење на одржлив метод преку повеќе транспортни режими. За оптимизирање на транспортните трошоци се применуваат GS1 стандардите.
Компаниите што испраќаат продукти, треба да ги делат своите барање за транспортен капацитет со компаниите што го спроведуваат транспортот и обратно. Претходно спомнатите компании се повеќе се потпираат на специјализирани даватели на транспортни услуги кои самите треба да ги синхронизираат сложените транспортни операции.
Комплексноста во оваа проблематика може да се поедностави со користење на GS1 стандардите, односно LIM моделот (Logistic Interoperability Model). Овој модел со имплементирање на GS1 стандардите им помага на сите инволвирани страни во транспортот и доставата да споделуваат информации меѓу себе и така да ги подредуваат своите процеси. GS1 стандардите значително ја поедноставуваат координацијата во транспортот и доставата.
Stena Line е оператор за поморски транспорт кој опслужува 22 линии во северна Европа. Во насока на нејзините напори за намалување на административните работи и намалување на хартиените документи, Stena Line започна со користење на GS1 стандардите со цел да го автоматизира управувањето со пратките кои компанијата ги опслужува. Како резултат на примената на GS1 стандардите административната работа во компанијата се преполови, а значително е намалено и времето потребно за товарање и истоварање.
Погледнете ја цела студија
Овој софтвер е наменет за сите компании кои немаат импламентирано софтверско решение за изработка на Европска логистичка етикете и GS1-128 бар код. Услугата е достапна со дополнителен годишен надоместок.