еИнфo
No5 - Септември 2013

 


Содржина

GS1 DataBar - “Р”еволуција на наплатните

 

Зошто GS1 Data Bar?

 

Фамилија на GS1 DataBar бар кодови

 

Најчесто употребувани апликациони идентифи-катори

 

GS1 DataBar преку бројки

Зошто GS1 Data Bar?  
Бар кодовите станаа секојдневие. Тие можат да се забележат на сите производи кои се продаваат. Брзо и лесно се скенираат и овозможуваат брзо задоволување на потрошувачките потреби. За голем број трговци тие ја поедноставуваат контролата на залихата и прередувањето на производите.
Бар кодовите кои се користат на повеќето производи во трговијата се наречени GS1 бар кодови (EAN-13 и ЕАN-8). Тие за прв пат биле воведени пред 40 години и денес се користат успешно низ светот од страна на производителите и трговците. Сепак, не сите производи, особено помалите производи (козметички, “направи сам”, накит,...) можат да се бар кодираат со овие бар кодови.
Производите кои не се баркодирани можат да предизвикаат проблеми кај трговците – потребно е дополнително време за процесирање и се прават повеќе грешки. Дополнително, трговците и производителите сакаат да сместат повеќе информации во бар кодовите, како што се датум на употреба, тежина, batch/lot, сериски број, ...
По неколкугодишни преговори меѓу трговците и производителите на светско ниво, беше постигнат компромис и беше претставен GS1 DataBar-от
.
GS1 DataBar симболот може да содржи повеќе информации и да идентификува производи со помали димензии во однос на постоечките GS1 бар кодовите. GS1 DataBar овозможува  идентификација на свежа храна и со променлива тежина, како и производи кои е тешко да се обележат како што се многу тенки производи, накит и козметика.
GS1 DataBar симболот може да носи повеќе апликациони идентификатори како сериски број, број на лот и рок на употреба, а со тоа се овозможува негова примена и изработување на решенија  за   неколку   бизнис    проблеми
како што се автен- тификација и след- ливост на свежа храна и работа со купони.
Препораките за употреба на овој симбол во претход- но спомнатите области се доне- сени (дел од нив) или ќе бидат донесени во блиска иднина.
Во 2010 година GS1 DataBar стандардот беше предмет на билатерален договор помеѓу трговските партнери за сите трговски единици. Фокус беше ставен на свежите производи кои се продаваат и скенираат во малопродажните места.
Од 01.01.2014 година се очекува сите трговски партнери во слободната трговија да го користат и потполно имплементираат GS1 DataBar стан-дардот заедно со додатните инфор-мации претставени преку апликациони идентификатори.
Минималната имплементација на овој стандард подразбира можност да продавачите бидат во можност да го скенираат и обработуваат GTIN во GS1 DataBar. Употребата на GS1 бар кодовите (EAN-13 и ЕАN-8) ќе продолжи на неодредено време секаде каде тој стандард функционирa беспрекорно денес. Миграцијата кон GS1 DataBar стандардот се остава на желба на сопствениците на брендовите кои користат GS1 бар кодови (EAN-13 и ЕАN-8). Доколку сте дел од секторот на трговија на мало, без разлика на големината на вашиот бизнис, мора да започнете со подготовки за GS1 DataBar уште денес.