еИнфo
No18 - Декември 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Како да се овозможи задоволителен квалитет на податоците во Вашата компанија?

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   Ние длабоко веруваме во моќта на GS1 стандардите да можат да го трансформираат и подобрат начинот на кој работиме и живееме. Се надеваме дека многумина од Вас и лично се уверија во тоа, применувајќи ги GS1 стандардите во своето деловно работење, а особено нашите партнери во проектите.

   Благодарни сме на Вашата континуирана подршка и веруваме дека заедно со Вас ќе може да ги совладаме предизвиците кои не очекуваат во наредната година.

   Ви посакуваме многу среќа и просперитет на личен и професионален план на Вас и Вашите семејства во Новата 2015 Година.

   Во овој број на е-Инфо ќе Ве запознаеме со влијанието врз Вашите бизнис процеси на креирањето на квалитетни матични податоци и нивното менаџирање. Написот е во контекст на претходните наши стручни изданија поврзани со ЕУ Регулативата 1169/2011 која за земјите членки на ЕУ стапи на сила на 13 декември 2014 година, а во нашата Република се планира во јуни 2015 година и аналогно на тоа и Вашето приклучување кон нашиот GS1 Каталог.

   Размената на точни податоци за набавувачот и потрошувачот е клучна за овозможување на плодна бизнис комуникација меѓу бизнис партнерите. Менаџирањето со матичните податоци за производите е покомплексно од едноставната размена на податоците за компаниите меѓу бизнис партнерите. Грешките кои настануваат поради отсуството на GTIN (бар код) во фактурите и нарачките или неправилен опис на производите најчесто водат до погрешни производи да бидат нарачани и испорачани.

   Високиот квалитет на матичните податоци за Вашите производи е клучен елемент во бизнис процесите. Квалитетот на податоците влијае на сите процеси во дистрибутивниот синџир, од нарачка до испорака, а има влијание и на сите видови на процеси во електронската комерција.