Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Почеток на проектот 01.06.2014
Крај на проектот: во тек
Во изминатите 2 години ИТ тимот на GS1 Македонија следејќи ги најновите препораки од GS1 Глобалната организација, промените во GS1 GDSN стандардите и најновите измени и дополнувања во законите за означување на храната во ЕУ и Република Македонија изврши проширување на бројот на атрибути кои се достапни во описот на производот. Со овие промени ќе се засили веќе постоечката соработка со нашите членки провајдери на податоци за нивните производи и ќе се овозможи поголема светска промоција.
Корисни линкови:
Почеток на проектот: 01.01.2012
GS1 Македонија изврши промоција на Пилот-проектот „Со GS1 DataBar -от обезбедена следливост на производите до самото наплатно место“ на 11.12.2013 година. Со тоа, за прв пат во Република Македонија и во поширокиот регион, беше направена демонстрација низ практични примери како може со примена на GS1 системот на стандарди, без големи финансиски трошоци...
Почеток на проектот: 01.06.2011
Со имплементацијата на GS1 стандардите во болницата "Филип Втори" - Скопје се добиваат следните бенефити: подобрена следливост, обезбедување на 5-те права на пациентите, усогласување со бараните здравствени стандарди за меѓународна акредитација на болницата, зголемување на продуктивноста, намалување административни трошоци, елиминирање грешките.“ Стручниот тим во "Филип Втори" кој директно е вклучен во реализација на Пилот проектот, ги изнесе и следните придобивки од баркодирањето - рационализација на целокупното работење, што подразбира: оптимизација на залиха, контрола на потрошувачка, намалување на време на работа, намалување на грешки од човечки фактор во целокупното работење на болницата.
Почеток на проектот: 01.01.2011
На 23.11.2012 во организација на GS1 Македонија, ИНФО-Биро Охрид и Panteon Group® Словенија се одржа Форум под наслов “EDI – унапредување на деловните процеси по GS1 стандарди - Примери од пракса во македонското стопанство” на кој беше одбележан стартот на електронската размена на деловни пораки - EDI (Electronic Data Interchange) во Република Македонија.
Почеток на проектот: 01.01.2007
Во текот на 2007 година ГС1 Македонија постигна исклучителни резултати, ги надмина планираните развојни цели и финансиски резултати, воведе нови услуги за своите членки и уште повеќе се приближи до бизнис- заедницата.