Остварена регионална соработка меѓу GS1 организациите

На 24-25 април 2014 година, во организација на GS1 Србија, како домаќин, во Белград, во Хотел ПАЛАС, се одржа регионален состанок на сите вработени од GS1 организациите од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

sometext

Претставници од GS1 организациите од регионот (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска и Словенија)

Целта на состанокот беше презентирање на проектите, координирани од GS1 организациите во секоја од државите, како и стекнување на основи за понатамошна соработка и започнување на заеднички регионални проекти. Големи се бенефитите на ваквите состаноци (кои ќе продолжат и во иднина), бидејќи компаниите од секоја од државите најголем дел од своите производи ги извезуваат во останатите балкански држави, па е неопходно усогласување на GS1 организациите при имплементацијата на GS1 стандардите.

Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.

sometext

Г-дин Мирослав Илиќ, директор на GS1Србија, домаќин на настанот ги поздрави присутните

sometext

Учесници на регионалниот собир

sometext

Учесници на регионалниот собир

Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.

GS1 Македонија презентираше три свои проекти:

  • Проектот Акредитација
  • Пилот проектот “Со GS1 DataBar-от - обезбедена следливост на производите до самото наплатно место”
  • Софтверот за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета
sometext

Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор презентира Проект за GS1 DataBar и Систем на Македонска Сертифицирана Акредитација

sometext

Кирил Коровешовски презентира софрвер за изработка на GS1логистичка етикета

На крајот од дводневниот состанок, во просториите на GS1 Србија се одржа округла маса со работен наслов “Примена на GS1 стандардите во регионот” на која беа донесени заклучоци за начинот на кој што ќе се развива натамошната соработка меѓу GS1 организациите:

  • Потенцирање за регионална соработка со посебен акцент на компаниите и олеснување на нивната трговска размена со земјите во регионот преку спроведување на взаемна контрола на користените бар кодови од компаниите од овие региони во синџирите маркети.
  • Отпочнување на заеднички регионални проекти со претставници од секоја GS1 организација за униформен начин на имплементирање на GS1 стандардите во сите држави (веб апликација за интерна и екстерна следливост, инсистирање на единствено означување на GS1 логистичките единици, интензивирање на соработката во полето на единствено GS1 означување во здравствениот сектор).
  • Подготвеност за споделување на материјали и помош во проектите од присутните GS1 организации преку формирање на регионален GLN електронски каталог, преку кој ќе се овозможи зголемена видливост на компаниите од регионот.
  • Одржување на вакви регионални состаноци секоја година во различни држави
sometext

sometext