еИнфo
No28 - декември 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Бенефитите на синхронизацијата на податоците во прехранбената индустрија

Работилница на тема: “Правилник за информации поврзани со храната и промоција на новиот лик на GS1 Kаталогот”

Извршен Директор

 

 

Драги наши почитувани членки, поддржувачи на GS1 системот, партнери, колеги, пријатели

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Како што се наближуваат празниците, тимот на GS1 Македонија се потсетува на убавите моменти кои ги помина со Вас во годината која изминува и на Вашата помош во остварувањето на нашите цели.

    Ние го цениме Вашиот позитивен однос и соработката, како и взаемната почит кои ги негуваме со години и се надеваме на нивно зајакнување во годината која следува. Очекуваме да продолжиме да работиме со Вас на нови проекти и постигнеме уште поголеми успеси, бидејќи само со заеднички активности и здружени сили можеме да ги совладаме предизвиците кои не очекуваат во наредната година.

    Тимот на GS1 Македонија Ви посакува Среќни Празници и Среќна Нова 2016 Година исполнета со мир, љубов, взаемна почит и напредок!

    Со нашите написи, анализи, промоции, семинари, работилници, директни контакти и работа на терен, со несебичната помош која ја пружавме на сите на кои им беше потребна, континуирано во текот на 2015 година Ве мотивиравме да се приклучите кон GS1 Каталогот со внесување на Вашите производи и на тој начин придонесете за зголемување на сопствената конкурентност, ги исполните законските регулативи и ги зголемите можностите за пласман на домашните и странски пазари, одн. го интернационализирате Вашиот бизнис. Нашата заедничка цел е да македонскиот Каталог се приклучи кон GDSN мрежата на меѓународно ниво. Станува збор за платформа од 30 лиценцирани, меѓесебно синхронизирани каталози, каде се вклучени над 1 милион компании со преку 15 милиони производи од целиот свет.

    Во овој број на е-Инфо ќе Ви ги пренесеме истражувањата за повраток на инвестицијата за една компанија со приклучувањето во GDSN, битен елемент при носење на деловна одлука, како и за продолжување на соработката со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија со одржување на заедничка едукативна, интерактивна работилница.