еИнфo
No14 - Август 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Посети

Конференции


Услуги

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   Во најжешкиот период од годината, GS1 Македонија континуирано работи со „полна пареа“. Продолжувајќи ја нашата мисија да Ви ја доближиме тематиката на глобално најраспространетиот и најмасовно користениот систем на стандарди во современото деловно работење, креиравме нови услуги, наменети специјално за Вас, почитувани пријатели на GS1 Македонија.

Во овој, августовски број на електронското списание Ве информираме за:
    •Нашата успешна соработка на регионално ниво, која е многу значајна за сите национални GS1 организации со цел размена на меѓусебни искуства, координација и усогласување во менаџирањето на GS1системот.
    •Новата RFID технологија и Првата регионална конференција посветена на оваа тема. RFID технологијата е иднината во означувањето на производите и се смета дека наскоро ќе го револуционизира начинот на деловното работење во светот.
    •Нашите 3 нови услуги кои Ви ги нудиме со сите детално објаснети бенефити кои ќе Ви се овозможат со нивното користење:
       1. GS1 каталог на вашите производи;
       2. GS1 Верификација на Вашите баркодови;
       3. Рекламирање на Вашата компанија или производ преку GS1 е-ИНФО.

Се надеваме дека ќе имаме позитивен одговор од Ваша страна на новопонудените услуги и заинтересираност да создадете поголеми бизнис резултати во Вашето работење, користејќи ги истите.