еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

  Бенефити за учесниците
  
   
 Бенефитите од Пилот проектот за DataBar-от се големи за сите учесници во него, бидејќи во пракса ќе се покаже како во GS1 системот има механизам за спроведување на следливост. Согласно основната цел на Пилот проектот за исполнување на законските барања за безбедност на храна, а во рамките на заедничките деловни процеси сите учесници долж дистрибутивниот синџир да имаат корист, очекуваните конкретни бенефитите од означувањето на производот со GS1 DataBar се:

Бенефити за производителите на месни и млечни производи (ИМП Солета ДОО Скопје, Промес ДОО Скопје, Млекара АД Битола и Идеал Шипка ДООЕЛ Битола)
  • Поефикасно производство – производ означен по светски стандард;
  • Усогласување на производството со потрошувачката;
  • Намалување на недостаток на стока на пазарот;
  • Воспоставување на комплетна контрола на залихите сопствените магацини;
  • Намалување на залихите;
  • Намалување на трошоците;
  • Јакнење на позицијата на сопствениот бренд;
  • Воспоставување на комплетна следливост преку следење на атрибутите: лот бројот, датум на производство, датум употребливо до;
  • Можност за брзо повлекување на производ од дадена серија поради грешка, со еден збор следливост на производот до каса.
Бенефити за трговците на мало (маркетите на Веропулос ДООЕЛ, Скопје)
  • Поголема доверба кај купувачите;
  • Подобар увид во потребите на потрошувачите и пазарот;
  • Намалување на трошоците;
  • Подобар партнерски однос со добавувачите;
  • Поголема ефикасност во рамките на синџирот за продажба;
  • Јакнење на позицијата на сопствениот бренд;
  • Комплетна следливост преку лот бројот, датум употребливо до, како во сопствените магацини, така и на полиците во самите маркети, односно би имале комплетна контрола на залихите;
  • Можност за брзо повлекување на производ од дадена серија поради грешка, бидејќи може истиот веднаш да се лоцира.
Бенефити за ИТ куќите (Сигма-СБ Славчо ДООЕЛ Скопје и Ултранет Ултра ДООЕЛ Скопје)
  • Промоција на сопствените ЕRP решенија за следливост;
  • Задоволни корисници;
  • Примена на нови технологии;
  • Следење на модерните трендови во имплементацијата на меѓународни стандарди во информационите системи;
  • Јакнење на информатичко општество во Р. Македонија;