Како работи GS1 EANCOM®

GS1 EANCOM® се GS1 eCom Electronic Data Interchange (EDI) стандарди кои ги интегрираат информациите испратени електронски со физичкото течение на продуктите.

GS1_EANCOM

GS1 EANCOM® пораки

EANCOM® пораките се електронски еквиваленти на традиционалните хартиени деловни документи. Пораките достапни во EANCOM® стандардот ги опфаќаат сите функции потребни за да се комплетира една трговска трансакција:

  • Пораки кои овозможуваат да започне трговската трансакција (пример, каталог со цени, нарачки, фактури итн.);
  • Пораки со кои се даваат инструкции на логистичките компании да започнат со транспорт на стоката;
  • Пораки кои се користат за извршување на плаќање на трговската трансакција преку банкарскиот систем.

Деловни бенефити

  • GS1 EANCOM® решението е договорено и прифатено од трговските партнери ширум светот, првично од FMCG трговците и нивните добавувачи, GS1 има големо искуство во поддршката на деловните (бизнис) процеси и истовремено ги следи сите нови трендови во истите
  • Со употребата на EANCOM, деловните партнери можат да избегнат непотребно трошење на време, потребно за креирање на свое EDIFACT подмножество. Овој стандард значително ја забрзува имплементацијата и го олеснува поврзувањето на внатрешните (компаниски) бази на податоци.
  • EANCOM® го користи GS1 идентификациониот систем со употреба на GS1 клучеви за идентификација на :
    • Продукти / трговски единици: GTIN
    • Логистички единици: SSCC
    • Физички локации: GLN
  • Користењето на GS1 идентификационите клучеви дозволува подредување и синхронизација на битните податоци помеѓу трговските партнери пред да се одигра било каква трговска трансакција. Ова обезбедува податочен квалитет, се отстрануваат грешките и се овозможува избегнување на ситуации кога се испраќаат непотребни информации во електронската порака (како спецификации на производот, делумни адреси, итн.)
  • Било која компонента од EDIFACT може да биде додадена во EANCOM® подмножеството во било кој момент, при оправдано барање на компаниите кои го користат овој стандард. Развојот и одржувањето на EANCOM како и на другите GS1 стандарди се базира на добро организиран процес наречен GSMP (Global Standard Maintenance Process)
  • Секои промени во EANCOM ® по барање на GS1 корисниците се испраќаат до UN/CEFACT и се вклучуваат во UN/CEFACT стандардот. GS1 е застапен во UN/CEFACT на два начини:во неговиот менаџмент и во неговиот развој. Со тоа GS1 обезбедува сигурна претставителност на своите корисници и со сигурност ги исполнува и ќе ги исполнува барањата на своите корисници.
  • EANCOM ® е интернационален стандард, стандард кој го користат повеќе од 100 000 компании ширум светот. Интернационалната мрежа на GS1 национални организации, вклучувајќи ја и Кина, покрива повеќе од 150 земји, овозможува поддршка, документација и тренинг на Вашиот локален јазик. Спротивно на тоа UN/CEFACT не нуди поддршка за своите стандарди, бидејќи е организација насочена кон развој и пронајдување на консензус помеѓу различни видови на бизниси, а не е организација која се грижи за имплементација на тие стандарди.

 

Имате дополнителни прашања?

Ние можеме да Ви дадеме повеќе информации за EANCOM® или да го подобриме тоа што веќе сте го направиле