еИнфo
No19 - Јануари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Со воведување на RFID технологијата на инструментите за операција, универзитетската болница во Шимане - Јапонија ги намалува трошоците

Како RFID технологијата може да им заштеди повеќе од 52 милијарди американски долари годишно на трговците ширум светот.

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   На почетокот на Новата 2015 година, по многубројните празнични мигови и настани, дозволете да уште еднаш Ви посакам многу среќа, здравје, мир, позитивни мисли и дела кои на сите нас ќе ни овозможат поголеми успеси на професионален и приватен план и ни дадат сила да се избориме со предизвиците пред нас, а потешкотиите и пречките ги претвориме во наша предност.

   Ви благодариме што сте наши редовни читатели, а според Вашите искажувања и задоволни од нашиот досегашен вложен труд да постојано Ве информираме за актуелностите од делокругот на примената на GS1 стандардите во различните области од деловното работење и секојдневното живеење.

   Една од областите на GS1 системот на стандарди е најновата RFID технологија за пренос на податочните информации која го користи GS1 електронскиот код на продуктот (EPC). GS1 EPC/ RFID таговите даваат конкурентска предност, иновативност и огромни заштеди во организацијата која ги користи.

   Во октомвриското издание на нашето е-ИНФО го презентиравме американското искуство на користење на GS1 EPC/ RFID таговите во текстилната индустрија, поточно примерот на творецот на џинс фармерките Levis Strauss&CO, компанија која денес вработува преку 5.000 работници и застапена е во повеќе од 110 земји низ светот.

   Во овој број ќе ве запознаеме со примената на GS1 EPC/ RFID технологијата во областа на здравството, конкретно со јапонските искуства и примената на оваа иновативна технологија во универзитетската болница SHIMANE, во градот Изума. Овој пример го обработува управувањето со инструментите за операции, кој е исклучителен предизвик за секоја современа болница.