Содржина
Саудиската агенција за храна и лекови и GS1 потпишаа меморандум за разбирање, со кој се регулира пазарот на лекови
GS1
стандардите – помош на производителите да ги исполнат новите регулаторни барања
на FDA за единствена идентификација на медицинските помагала
FDA UDI Регулативата е усвоена.
Дали сте подготвени?
Новости од светот
|
Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија
Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.
извршен директор
Со почетокот на Новата 2014 година, соочени сме со нови предизвици, нови можности. За да оваа година не биде иста како минатата, туку подобра, потребно е да се направат нови избори. Треба да сме фокусирани, мотивирани и успешни во она што го работиме. Преку инвестирање во знаење, може да ги следиме најновите трендови, новите можности, да осознаеме нешто ново, да се инспирираме и да и ние самите создадеме нови бизнис перспективи и поквалитетни работни активности. Експертите докажале дека инвестициите во знаење носат најголем бенефит за секој субјект (физичко или правно лице).
За остварување на овие цели GS1 Македонија ќе продолжи и во 2014 година да биде Вашиот извор на информирање и едукација од областа на GS1 системот на стандарди.
Добредојдовте во светот на нови можности! Ќе ги споделиме со Вас иновативните активности на GS1 низ светот за да Ве инспирираме и поттикнеме да ги прифатите новите развојни перспективи кои Ви ги овозможува GS1 системот.
Во овој број сме фокусирани на Здравствениот сектор, во кој последниве години со најбрзо темпо се прифаќаат и имплементираат GS1 стандардите. Во содржината ќе најдете написи за:
|
- Во регионот на Блискиот исток започнува нова ера за GS1 стандардите, со зацврстување на врските помеѓу регулаторните тела и здравствениот сектор, за што особен поттик е потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу GS1 Саудиска Арабија и Саудиската државна Агенција за храна и лекови и донесената регулатива за задолжителното означување на сите фармацевтски производи со GS1 DataМatrix до 2015 година ;
- GS1 US е лидер во процесот на забрзување на примена на GS1 стандардите преку проактивна соработка со најголемите производители од областа на здравството во имплементацијата на GTIN и заедно со Американската Администрација за Храна и Лекови - U.S. Food and Drug Administration (FDA) воспоставува национална единствена идентификација на (медицински) помагала - Unique Device Identification (UDI), систем кој ќе овозможи зголемување на безбедноста на пациентите.
- GS1 како водечка организација за глобални стандарди, од страна на FDA се здоби со Акредитација за Организација задолжена за издавање на Единствени Идентификатори на Медицинските Помагала (Unique Device Identifiers - UDI), бидејќи Глобалните GS1 Стандарди ги задоволуваат американските владини критериуми за UDI.
- Од 23-та GS1 глобална конференција за здравство “Подобрување на безбедноста на пациентите преку видливост во дистрибутивниот синџир”, ќе Ви пренесеме искуства на неколку земји.
|
|