Драги наши
почитувани членки, поддржувачи на GS1 системот, партнери, колеги, пријатели
Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.
извршен директор
Неоспорен е фактот дека електронската трговија ќе биде
најбрзорастечкиот сегмент во прехранбениот сектор во наредните
години. Во последните години е забележан значителен пораст на
купувачи кои претпочитаат купување на прехранбени производи преку
интернет во споредба со одењето во традиционални продавници.
Според истражување спроведено во Велика Британија,
вредноста на овој сегмент, од сегашните 8,9 милијарди фунти ќе се
зголеми на 17,2 милијарди фунти до 2020 година. Од спроведената
анкета добиени се и следниве показатели:
- 42 отсто од вкупниот број на испитаните купувачи кажале дека ќе
размислат за целосно преминување кон интернет-каналот;
- 26 отсто од испитаниците се сметаат за редовни корисници на
услугите на интернет-купувањето, додека 11 отсто тврдат дека,
преку тој канал, извршуваат купување на поголемиот дел од
секојдневните производи;
- 33 отсто од испитаниците ги поддржуваат традиционалните канали
на купување. Половина од нив купувале преку интернет во текот
на минатата година.
Изминативе години GS1 Македонија во соработка со АХВ на РМ
работи на имплементирање на GS1 стандардите особено во делот на
означување на производите и нивната следливост низ дистрибутивниот
синџир, при тоа почитувајќи ги пропишаните донесени законски
регулативи од страна на АХВ за безбедност на храната, базирани на
европските закони во таа сфера. Ве потсетуваме дека Правилникот
за информации поврзани со храната, донесен од страна на АХВ на
РМ, (Сл. весник на РМ бр.150 од 02.09.2015 година, по одложената
примена, стапува на сила на 13 мај 2016.
Со цел да помогнеме на македонските фирми да што побрзо
и полесно ги прифатат и користат новите технологии и модерните
технолошки алатки за подобрување на својата конкурентност
и започнат со продажба на своите производи преку интернет и
овозможат мобилно скенирање на баркодовите за да купувачите
добијат валидни податоци за производот, а воедно и да ги исполнат
регулаторните барања на АХВ
за безбедност на храната, GS1
Македонија тоа го овозможува
со нашиот електронски GS1
Каталог. Самиот каталог како
платформа дава можност да на
едно место бидат сублимирани
сите најбитни податоци за еден
производ и во секое време
достапни на интернет мрежата.