GS1 DataBar низ светот

GS1 DataBar бар кодовите можат да се користат на мали производи или производи кои тешко можат да се означат со бар кодови, како што се козметички, фармацевтски, “направи сам”, свежи прехранбени производи, накит, ... Некои верзии можат да се користат за кодирање на дополнителни информации, кои можат да се прочитаат на местото на продажба (POS). Тргнете на online патување низ светот.

Изберете држава и видете ги примерите како GS1 DataBar бил воведен и се користи од производителите, дистрибутерите и трговците низ глобалниот дистрибутивен синџир.  

КАНАДА

Трговците на мало Loblaw и Wal-Mart успеаја да обезбедат поголема точност и брзина на местата на продажба, подобрена контрола на залихата и помал број на случаи на недостаток на производи, зголемена следливост и поголема точност при идентификацијата на набавувачите, преку користење на GS1 DataBar.

GS1 Канада моментално соработува со локалните трговци на мало за да ги подготват канадските бизниси за имплементирање на GS1 DataBar, при што се потенцира дополнителните бенефити, кои се добиваат со користење на овој глобален стандард.

САД

GS1 САД соработува со производителите и трговците на мало за користење на GS1 DataBar за идентификациски цели. Прифаќањето на овој стандард за скенирање на свежа храна на местото на наплата од страна на трговците на мало и користењето на GS1 DataBar за бар кодирање на купони се само дел од примерите како бизнисите во САД започнуваат со комплетната имплементација на GS1 DataBar стандардот.

Индустрии кои изразуваат интерес во имплементацијата на GS1 DataBar пред 2014 година се здравството, издаваштвото на книги и магазини, козметиката, изработка на накит, како и индустријата за свежа храна (месо, живина, риба, ...).

Неодамна GS1 САД започна заедничка соработка со Grocer Kroger за два пилот проекти базирани на имплементацијата на GS1 DataBar Еxpanded. Преку овие проекти, се започна со додавање на GS1 DataBar на пакувањата на месните производи со променлива тежина и приватно брендираните млечни производи. Дополнителните информации за производите кодирани во бар кодот докажаа дека нудат значајни бенефити како што се: превенцијата на продажба на производи со поминат рок на каса, анализа на “свежина” на производите кои се продадени и подобрена размена на податоци за производите при анализа и категоризација.

Kroger е една од многуте американски фирми кои го вовеле GS1 DataBar при нивното работење и моментално ги користат бенефитите кои ги нуди овој бар код.

ЧИЛЕ

Следливоста на свежите производи е клучна компонента во процесите во дистрибутивниот синџир во Чиле, кој што е водечки извезувач на овошје и зеленчук.
Со пристигнувањето на нови интернационални трговци на мало во Чиле и зголемениот број на барања на главните интернационални купувачи на свежа храна, кои инсистираат на употреба на GS1 DataBar, локалните трговци станаа се позаинтересирани за GS1 стандардите.

GS1 Чиле соработува со бројни компании за воведување на GS1 DataBar како нов глобален стандард за кодирање на дополнителни информации во бар кодовите.

ХОЛАНДИЈА

GS1 Холандија активно работи со компании во секторите на трговци на мало на градинарски и “направи сам” производите за да им укаже на потенцијалот од користењето на GS1 DataBar за идентификување на датумите на производство и употребливост.

Со баркодирање на датумот на берба на градинарскиот производ му се овозможува на трговците на мало да нудат попуст на постарите производи и да овозможат нивна побрза продажба. Два од најголемите “направи сам” трговци на мало исто така ја разгледуваат можноста на користење на GS1 DataBar за картичките за членство.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

GS1 Велика Британија предводи иницијатива за запознавање на индустрија на раноградинарски производи за GS1 DataBar пред официјалниот датум за стартување со неговото користење во 2014 година.

Како дел од оваа иницијатива е и проектот за намалување на неискористената храна, во кој што GS1 Велика Британија работи заедно со националните трговци на мало ASDA, Morrisons, Sainsbury’s и Tesco. Овој проект се базира на високото национално ниво на неискористена храна и друг ресурси, резултантното влијание врз индустријата и општеството и несомнената потреба од мерење и намалување на ова ниво. Менаџирањето со неискористената храна е клучна компонентна во дистрибутивниот синџир во прехранбената индустрија, со одредени неопходни чекори кои се превземаат во различни стадиуми од синџирот.

Статистиката покажува дека 1.450.000 тони храна и слични пакувања не се искористуваат на годишно ниво (се трансформираат во отпад) и тоа само во секторот на малопродажба. GS1 Велика Британија ја користи имплементацијата на GS1 DataBar како решение во оваа иницијатива. Воведувањето на GS1 DataBar во операциите во дистрибутивниот синџир нуди многу предности, вклучувајќи зголемена логистичка транспарентност, следливост, подобрено менаџирање на ресурсите и залихите. Употребата на GS1 DataBar во дистрибутивниот синџир го намалува непотребното користење на ресурсите и финансиите за производите.

Ова е само еден пример како GS1 DataBar може да има значајно влијание и за трговците на мало, но и за општеството.

ИРСКА

GS1 Ирска врши обуки на набавувачите во прехранбената индустрија за бенефитите од GS1 DataBar и како може да се имплементира на свежите производи од набавувачите за да може да се користи од меѓународните трговци на мало.

До 2014 година се очекува сите трговски партнери кои користат GS1 DataBar стандарди во бизнис околината и ќе може да се скенира GS1 DataBar бар кодот и да се процесира GTIN во базата на податоци. GS1 Ирска работи заедно со компании како што се Feile Foods, главен производител и трговец на месни производи за интегрирање на GS1 DataBar во нивниот дистрибутивен синџир и местото на продажба.

Оваа имплементација значајно ќе ја подобри видливоста и следливоста во дистрибутивниот синџир, како и зголемената ефикасност и намалувањето на рачните процедури. Исто така ќе им овозможи поефикасно справување на набавувачите и трговците на производите со кратко време на траење.

MAKEДОНИЈА

GS1 Македонија во декември 2011 година отпочна кампања за промоција на GS1 DataBar-от кај своите членки од месната и млечната индустрија, како и кај големите синџири маркети, која траеше и во текот на цела 2012 година. За таа цел одржани се повеќе интерактивни работилници како и директни посети на компаниите. Како резултат на спроведените промотивни активности, GS1 DataBar-от и бенефитите од неговата имплементација наидоа на добар прием кај нашите членки, што резултираше со негова имплементација во синџирите на своите продавници во две познати месни индустрии: ИМП Солета ДООЕЛ- Скопје и Промес ДОО -Скопје како и во Млекара АД -Битола, претставник од млечната индустрија.

Во март 2013 дефиниран е и Пилот проект со наслов “Со GS1 DataBar обезбедена следливост на производите до само наплатно место” чија реализација треба да се спроведе до крај на 2013 година.

Осознавајќи го најголемиот бенефит од користењето на GS1 DataBar-от (во себе содржи повеќе информации за производот сместени на помал простор), во Пилот проектот се вклучи и големиот синџир маркети Веропулос ДООЕЛ- Скопје, кој интензивно работи на имплементацијата и оспособувањето на читањето на GS1 DataBar-от на каса.
Во Пилот проектот се вклучени и две ИТ куќи, исто така членки на GS1 Македонија и тоа Сигма-СБ ДООЕЛ –Скопје, која ги изготви софтверските решенија во ИМП Солета ДООЕЛ и Промес ДОО, како и ИТ куќата Ултранет Ултра ДООЕЛ –Скопје, одговорна за софтверската имплементацијата на овој проект во синџирот маркети Веропулос ДООЕЛ. GS1 Македонија работи и со други свои членки од млечната индустрија и наскоро се очекува и нивно вклучување во овој Пилот проект. Пилот проектот е угледен пример како се решава следливоста на производите во еден сегмент од дистрибутивниот синџир со примена на GS1 стандардите, со цел да се задоволат барањата за безбедност на храна дефинирани во EU Foof Law EC No 178/2002, врз кој се донесени и законите во Република Македонија: Закон за безбедност на храна за животни (Сл.весник 145/2010) и Закон за безбедност на храната (Сл.весник 157/2010). Токму затоа и основната цел на овој Пилот проект е обезбедување на следливост на производот до самото наплатно место, со што се овозможува брзо и ефикасно отповикување или стопирање на продажбата на самата каса - заради изминат рок или лот на производот кој треба да се повлекува, или е небезбеден за потрошувачите.

Она што е особено важно да се потенцира за самиот Пилот проект е создадената високата свест кај сите учесници од потребата за имплементацијата на GS1 DataBar-от и прифаќањето на препораката на меѓународната GS1 организација да до 01.01.2014 се направат сите неопходни подготвителни активности за читање на GS1 DataBar-от на наплатните места. Не случајно во овој Пилот проект значајно учество ќе има и Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, како овластено регулаторно тело одговорно за безбедност и следливост на храна во Републикава, која ќе направи следење и надзор при тестот за повлекување на производ со “грешка” со одреден лот.

Бенефитите од Пилот проектот за GS1 DataBar-от се големи за сите учесници во него, бидејќи во пракса ќе се покаже како во GS1 системот има механизам за спроведување на следливост која ќе биде и верификувана и потврдена од овластено регулаторно тело во Републикава, те. од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ.

БЕЛГИЈА/ЛУКСЕМБУРГ

Повеќето дистрибутери се подготвени за GS1 DataBar и GS1 Белгија & Луксембург aктивно го промовираат GS1 DataBar за да им помогнат на производителите и дистри-бутерите во запознавањето и користењето на GS1 DataBar за свежа и замрзната храна.

GS1 Белгија & Луксембург исто така соработуваат со провајдерите на решенија (набавувачите на скенери, печатачи, ваги и софтвер) за да ги информираат за GS1 DataBar и ги охрабруваат да нудат материјал компатибилен со GS1 DataBar на пазарот и да помогнат за побрза имплементација на GS1 DataBar во сите сектори.

ПОЛСКА


JMP (Jeronimo Martins Poland), сопственикот на Biedronka, е водечкиот трговец на мало во Полска со преку 2000 продавници во преку 750 локации. Со цел да ги задоволи растечките барања за квалитет на свежата храна од страна на потрошувачите, како и со цел да ги задоволи правните регулативи, Biedronka соработуваше со GS1 Полска и одлучи да го имплементира

GS1 DataBar-от во нивната работа. Biedronka го имплементираше GS1 DataBar Expanded на нивните свежи месни производи, живина, свежи салати, леб, млечни производи и риба. Тие го кодираа GTIN-от, датумот на употреба, тежината и batch бројот. Главните цели на GS1 DataBar проектот биле да се спречи продажбата на производи со поминат рок на употреба и да се овозможат побрзи процеси на повлекување на производите, доколку тоа е потребно.

Целосната употреба на GS1 DataBar во дистрибутивниот синџир на Biedronka ќе биде еден од најзначајните во светот.Користењето на GS1 DataBar на нови производи и вклучување на нови набавувачи се следните чекори за остварување на нивната цел да има повеќе од 100 производи баркодирани со GS1 DataBar (околу 10% од вкупниот број на производи).

AВСТРИЈА

GS1 Австрија соработува со трговците на мало за имплементирање на GS1 DataBar, како подготовка за датумот за старт на употребата во 2014 година. Австрискиот REWE Group го воведе GS1 DataBar во сите операции и го користат овој бар код за бележење на 300 различни свежи прехранбени производи.

Дополнителни податоци, како што е тежината на производот и датумот на употреба се баркодирани и се покажале како многу значајни за подобрување на ефикасноста и намалување на неискористените ресурси. Еден од поголемите трговци на мало SPAR неодамна изјави дека стартува со пилот програма во Австрија, која вклучува и воведување на GS1 DataBar баркодирање на нивните производи и купони.

GS1 Австрија продолжува со поддршката на трговците на мало и е подготвена за овој значаен напредок во трговијата на мало.

ЈУЖНА КОРЕЈА

GS1 Јужна Кореја започна GS1 DataBar пилот со LOTTE Mart, голем синџир на маркети; Pulmuone, водечки маркет во Ј. Кореја за тофу, соја и замрзнати тестенини и Konkuk Dairy & Ham, главен набавувач на млечни производи за LOTTE Mart. Овој пилот резултирал во зголемена сигурност на потрошувачите, намалена неискористеност на производите и подобрена ефикасност на местото на продажба.

 Двете главни цели биле да се запре продажбата на производи со поминат рок на употреба и да се овозможи автоматско обележување на производи, чиј рок на употреба е скоро истечен. GS1 Јужна Кореја дизајнирала систем кој што го користи GS1 DataBar за автоматско информирање на каса дека рокот на употреба на производот е изминат. GS1 DataBar стандардите исто така се користат и за да се овозможи автоматско дефинирање на попуст во зависност од бројот на денови кои остануваат до истекот на рокот. Овој автоматски процес на обележување, резултира во подобрена ефикасност.

Имплементацијата на GS1 DataBar во LOTTE Mart се покажало како одличен начин за подобрување на ефикасноста, видливоста и намалување на трошоците. GS1 Јужна Кореја се обидува да ги презентира бенефитите од употребата на GS1 DataBar во компаниите од различни сектори во Jужна Кореја.

АВСТРАЛИЈА

GS1 Австралија работи активно да ја зголеми свесноста за GS1 DataBar и бенефитите кои ги нуди за индустријата. Целта е да се подготват австралиските трговци на мало за 1 јануари 2014 година, кога GS1 DataBar ќе започне да се користи како отворен глобален стандард. GS1 DataBar е дизајниран да ги подобри операциите во дистрибутивниот синџир и да помогне да се исполнат главните и значајните предизвици во трговијата на мало. На пример, овозможува да се обезбеди следливост, со внес на повеќе информации во бар кодот, поширока и поразвиена класификација, автентикација на производите, глобална идентификација на производите со променливи мерки и полесно и поефикасно менаџирање на обележувањето.

За трговци на мало, кои скенираат свежи прехранбени производи, овозможува идно процесирање на дополнителни податоци и на тој начин ќе има значајно влијание на базите на податоци на трговците на мало и системите на местото на наплата. GS1 Австралија, заедно со Alliance Partner провајдерите на решенија, продолжува да ги поддржува австралиските трговци на мало со имплементирањето на GS1 DataBar во дистрибутивниот синџир. GS1 моментално соработува со својот партнер, АuthenticateIT, на пилот проект за понатаможно воведување на GS1 DataBar кај австралиските трговци на мало.

AuthenticateIT е глобален анти-фалсификаторски систем, кој што му овозможува на сопствениците на брендовите, трговците и потрошувачите да ги автентицираат добрата во бизнис околината. Овој анти-фалсификаторски систем му обезбедува контрола на сопствениците на брендот врз испораките на нивните производи, а на трговците доверба во набавените производи. Секој производ во AuthenticateIT системот е обележан со уникатен идентификатор за да се овозможи следење. GS1 DataBar е одличен идентификатор, бидејќи ја има таа двојна корист.

АuthenticateIT издава постоечки GS1 DataBar бар кодови, во согласност со најдобрите практики за заштита на брендот во индустријата, но им помага на производителите да се придржуваат до индустриските стандарди и дополнително да обезбедат понапредни процеси за контрола на залихата.

ЈАПОНИЈА

Во 2008 и 2009 година, јапонските трговци Bunkado и Beisia започнаа пилот проект за користење на GS1 DataBar Expanded/Expanded Stacked бар кодовите со дополни-телни податоци за производите. Двата пилот проекти беа успешни и резултираа во значајни бенефити за компаниите. Во Јапонија, потрошувачите се фреквентни купувачи на свежи прехранбени производи и внимаваат на квалитетот на храната. Поради тоа “датумот на употреба” на пакувањето е многу значаен за нив и токму затоа мора да се обезбеди начин тој да може да се процесира на местото на наплата.

Двата трговци Bunkado и Beisia кодираа слични податоци во нивните пилот проекти (датум на употреба и GTIN) за идентификација на производот и негово обележување во случај на изминат рок преку употреба на GS1 DataBar. Два или три пати во денот, трговците подготвуваат прехранбени пакети (суши, сашими, сурова риба, пилешко, салати, ...) и овие пакети остануваат на рафтовите кратко време – најчесто помалку од 24 часа! Со употребата на GS1 DataBar Expanded може да се одреди свежината на производот и да се пресмета побрзо и поточно попустот на местото на наплата (каса).

Двата трговци успеаја да овозможат регистрирање на производите со близок или изминат датум на употреба на местото на наплата. Преку овие пилот проекти, GS1 DataBar беше прикажан како корисен за купувачите за обезбедување на потребните информации и услуги кои им се потребни за да веруваат во квалитетот на храната која ја купуваат.