Настани на GS1 Македонија

ЈАВЕН ПОВИК до сите членки на ГС1 Македонија

ГС1 Македонија (ул. Даме Груев бр. 5) 15/12/2022 11:00

Почитувани,
Согласно член 13 став 2 и став 6 од Статутот на Здружението на граѓани Асоцијација за ГС1 стандарди ГС1 Македонија, ГС1 Македонија ги информира своите членки дека на 15.12.2022 година (петок) во 11:00 часот во просториите на ГС1 Македонија, ул. Даме Груев бр. 5, Скопје ќе се одржи седница на Генералното собрание на ГС1 Македонија.
ГС1 Македонија ги повикува сите свои членки, заради изминување на тригодишниот мандат од работењето на Управниот одбор, да номинираат свој кандидат за член на новиот Управен одбор кој ќе биде избран на XVIII –та седница на Генералното собрание на ГС1 Македонија.
Секоја номинација треба да ги исполнува следните услови :
- Да биде поднесана во писмена форма;
- Да е потпишана од лицето што го предлага кандидатот и од предложениот кандидат;
- Да биде доставена до Генералниот извршен директор на ГС1 Македонија најмалку седум дена пред одржување на седницата на Собранието, на адреса: ул. Даме Груев бр.5 - Скопје;
- За номинираниот кандидат да биде приложено и неговото CV;
- Во прилог на номинацијата да биде доставена и писмена изјава од номинираниот кандидат дека ќе ја извршува функцијата доколку биде избран.
*Повикот трае 14 дена од денот на неговото објавување на 22.11.2022 година и трае до 06.12.2022 год.

Најавете се online тука .

    Online најавување за настанот

    Документи

      Корисни линкови