еИнфo
No21 - март 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

GS1 Македонија на нова локација

Бенефитите од користењето на точни и ажурирани податоци

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Клучен елемент во бизнис процесите е висок квалитет на податоците за Вашите производи. Точните податоци за производите се клучни за да обезбедите видливост на Вашите брендови во дигиталниот свет во кој живееме и водиме бизнис. Квалитетот на податоците влијае на сите процеси во дистрибутивниот синџир, од нарачка до испорака, а има влијание и на сите видови на процеси во електронската комерција. Доколку нема точни податоци за Вашиот производ, тогаш Вашите брендови ќе бидат невидливи или уште полошо - ќе се наруши довербата на купувачите кон Вашите производи.

    Подобрувањето на дигиталните податоци за производите кои ги користат купувачите при носење на одлука кој производ да го купат, наметнува потреба сите релевантни учесници во процесот да ја разберат одговорноста и да заедно соработуваат на подобрувањето на дигиталните податоци.

    Решението мора да биде базирано на интернационален систем на стандарди - GS1 стандарди. GS1 стандардите нудат докажана рамка за креирање, менаџирање и споделување на податоците за производите- ефикасно и сигурно. Со GS1 стандардите се овозможува ефикасна размена на податоците меѓу различните трговски партнери и се овозможува интероперабилност во креирањето на глобални решенија.

    GS1 организацијата гарантира дека Вашиот производ ќе може да се прочита на каса или дека бар кодот на купонот точно ги идентификува производите. Како непрофитна, неутрална организација која ја има потврдено Вашата доверба, GS1 може да и помогне на вашата компанија да ги задоволи потребите за точни и квалитетни податоци за Вашите производи во дигиталниот свет.

   GS1 Македонија изработи електронски каталог на производи од македонските компании, чија конечна визија е да стане единствен доверлив извор на информации за производите со македонски бар код и да се поврзе во иднина со веќе воспоставената GDSN мрежа за синхронизација и размена на податоците.

Не чекајте повеќе. Вклучете се во GS1 Каталогот.