еИнфo
No8 - Декември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Промоција на успешно завршениот Пилот-проект „Со GS1 DataBar-от - обезбедена следливост на производите до самото наплатно место


Искуства на учесниците во Пилот проектот

Новогодишна честитка од тимот на GS1 Maкедонија  

 Промоција на успешно завршениот Пилот-проект
Со GS1 DataBar -от - обезбедена следливост на производите
до самото наплатно место

     GS1 Македонија изврши промоција на Пилот-проектот „Со GS1 DataBar -от обезбедена следливост на производите до самото наплатно место“ на 11.12.2013 година. Со тоа, за прв пат во Република Македонија и во поширокиот регион, беше направена демонстрација низ практични примери како може со примена на GS1 системот на стандарди, без големи финансиски трошоци, да се понуди решение за обезбедување на законски задолжителната следливост на прехранбените производи до самата каса, нивно брзо и ефикасно повлекување од дистрибутивниот синџир во случај на изминат рок или некоја грешка. Тоа ќе придонесе за заштита на здравјето и квалитетот на животот на потрошувачите, а на сите учесници во дистрибутивниопт синџир ќе им овозможи зголемена ефикасност, профитабилност и конкурентност.  

    Директни учесници во Пилот-проектот се: од млечната индустрија Млекара АД и Идеал Шипка ДООЕЛ од Битола; од месната индустрија ИМП Солета ДООЕЛ и Промес ДОО од Скопје; од трговијата - синџирот маркети Веропулос ДООЕЛ, а софтверските решенија се изработени од страна на Ултранат Ултра ДООЕЛ и Сигма –СБ ДООЕЛ од Скопје. Производителите ги означија своите производи со новата генерација бар кодови GS1 DataBar, Веропулос овозможи да се спроведе комплетното тестирање на Пилот проектот (читање на GS1 DataBar-от на скенерите на каса), а софтверските куќи со своите имплементирани софтверски решенија овозможија успешно да се заврши проектот.
     
   
Промоцијата предизвика голем интерес. Потврда за тоа е присуството на над 140 учесници од бренд компании од прехранбената индустрија, големите маркети, дистрибутивните куќи, како и гости од соседните GS1 организации од Србија, Хрватска и Словенија, менаџерите на Panteon Group Словенија и Србија, како и членовите на Управниот одбор на GS1 Македонија. Поддршка на Пилот проектот дадоа и со своето учество го подигнаа нивото на настанот Абдулезел Догани, заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, М-р Јелисавета Гергиева, извршен директор на Комората, М-р Маријана Лончар Велкова, претседател на Организацијата на потрошувачите.

 

     Присутните ги поздрави г-дин Симон Наумоски, претседател на GS1 Македонија и претседател на УО на ПИ Витаминка АД – Прилеп:

    “Само со воведувањето на нови стандарди може да се следат барањата на потрошувачите и да се успее на странските пазари. Јас лично како долгогодишен раководител на Витаминка, секогаш сум ги поддржувал напредните и развојни идеи. За секоја пофалба е што GS1 Македонија навремено ги информираше своите членки дека доаѓа една нова ера во баркодирањето, а фирмите директни учесници во Пилот проектот имаа визија и први ја прифатиле и искористиле можноста да го подобрат своето работење. Сведок сум последниве години на се поголемото препознавање на значајот на GS1 како светски систем на стандарди кај нас, кој, поради бенефитите кои се евиденти за нашиот пробив на странските пазари, го прифатија и производителите и дистрибутерите и големите синџири маркети. Како што потпишавме Меморандум за соработка со големите синџири маркети и дистрибутери, така очекувам дека GS1 стандардите во наредниот период ќе бидат дел од подзаконските акти/правилници кои ја регулираат безбедноста на храната во Република Македонија и заштита на потрошувачите”.

     Во своето обраќање Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија изјави:

    Преку воведувањето на светските стандарди во означувањето на производите како што се GS1 стандардите, компаниите го јакнат сопствениот бренд и ја подобруваат конкурентноста. Всушност, лидерството на пазарот се докажува со примената на стандардите. Сведоци сме дека изминативе неколку години наназад, македонските компаниите инвестираа средства во модернизација на процесите во самото производство и дистрибуцијата, со купување на најсофистицирани машини и воведување на модерна технологија во производството, со што го подобрија квалитетот на производите. Дури 63 отсто од својот извоз македонското стопанство го врши на пазарите на Европската унија, а тоа е зашто произведуваат конкурентни производи според светските стандарди, Но, потребен е пробив и на други пазари. Токму активностите на македонските компании во наредниот период треба да бидат насочени кон тој правец, а за да успеат во таквата мисија неопходно е усвојување и воведување на светските стандарди. GS1 стандардот треба да го следи HACCAP-от, бидејќи бар кодовите се алатки или механизам со кој се автоматизираат процесите, се добива поголема брзина и точност.  

       Сигурен сум дека компаниите кои се директни учесници во Пилот-проектот, предводен од GS1 Mакедонија, и кои ги означиле своите производи со новата генерација бар кодови GS1 DataBar, направиле еден чекор напред пред останатите. Сите се македонски бренд компании кои имаат квалитетен производ, сите имаат имплементиран HACCAP систем кој го гарантира квалитетот на тој производ и, како круна на сето ова, сега имаат и производ кој е означен со нова генерација бар кодови GS1 DataBar кој во Европа и пошироко веќе се користи. Значи, на сите нив им се отвораат нови патишта за извоз. Се надеваме дека сите македонски компании ќе го следат овој процес”.

   Свое обраќање имаше и Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.

   “Следливоста е една од главните компоненти на системот за безбедност на храна. Често се споменува НАССАР системот, следливоста е само еден сегмент на тој систем. Зборуваме за следливост според НАССАР системот кај самите производители, следливост кај дистрибутерите, следливост во трговијата до сама каса. Настојуваме кај бизнис секторот да воведе систем или механизам со кој ќе се покаже способност да во најкус можен рок се повлече некој производ од пазарот ако тоа е потребно, а со цел да се заштити потрошувачот. Токму поради тоа во GS1 Македонија најдовме партнер и подолго време соработуваме низ заеднички едукации со операторите, да секој од свој аспект даде свој придонес за подобрување на безбедност на храната и заштита на потрошувачот во Република Македонијa”.  

   Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија, во своето обраќање истакна:

 

    “Во светски рамки, дванаесет GS1 национални организации активно се вклучени во имплементацијата на GS1 DataBar-от: Kaнада, САД, Чиле, Велика Британија, Холандија, Ирска, Белгија, Германија, Полска, Австрија, Кореа и Австралија. По нивните стапки тргна и GS1 Mакедонија во 2011 година. GS1 Македонија со промоцијата на GS1 DataBar-от очекува имплементирањето на GS1 DataBar-от да го поддржат помасовно сите компании кои имаат визија за развој и освојување на нови пазари. Колку побрзо ова го прифатиме ќе бидеме и поблиску до европските трендови на работење, а во сопствената држава ќе придонесеме за поголема безбедност и следливост на храната. Тоа впрочем беше и мотото кое го водеше овој Пилот-проект кон успешна реализација: Следливост и безбедност на производите пред сé. GS1 DataBar-от ја ревитализира индустријата и нуди голем потенцијал за идни подобрувања во синџирот на снабдување. Не случајно ние од GS1 заедницата знаеме да речеме дека со GS1 DataBar-от ќе се случи “Р”еволуција на наплатното место”.

    Основните елементи на Пилот проектот, поточно целите, структурата на користениот GS1DataBar, очекуваните бенефити за сите учесници, како и фазите на реализација на проектот беа презентирани од Билјана Рембоска, самостоен советник во GS1 Mакедонија:

   

Ова е само почеток. Денес го презентираме механизмот на спроведена следливост на производите од сама производна линија до каса преку нивно обележување по GS1 стандард, користејќи го GS1 DataBar-от.

   Нашата мисија продолжува. Ги повикуваме сите наши членки од месната и млечната индустрија, како и синџирите маркети да не поддржат во имплементацијата и тргнат по стапките на учесниците во овој Пилот проект”.

     

 

     На настанот свои презентации имаа сите учесници во Пилот проектот. Во нив дадоа свое видување и комплетна поддршка на имплементацијата на новата генерација бар кодови GS1 DataBar. Нивниот заеднички став е дека GS1 стандардите имаат механизам со чија примена тие ја подобриле интерната и екстерната следливост. Со своето учество во Пилот проектот направиле еден чекор напред за подобрување на своето работење и зголемување на безбедноста на потрошувачот.

    За сите нив очекувани бенефити се: побрзо и полесно управување со залихите, усогласување на производството со потрошувачката, можност за брзо повлекување на производ со “грешка”, јакнење на позицијата на сопствениот бренд, со што стануваат поконкурентни на светските пазари. По повод Промоцијата на пилот проектот, GS1 Македонија издаде посебна брошура посветена на GS1 DataBar-от, која беше поделена на сите присутни на настанот. Брошурата може да ја превземете на следниов линк.