Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На 24-25 април 2014 година, во организација на GS1 Србија, како домаќин, во Белград, во Хотел ПАЛАС, се одржа регионален состанок на сите вработени од GS1 организациите од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Претставници од GS1 организациите од регионот (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска и Словенија)
Целта на состанокот беше презентирање на проектите, координирани од GS1 организациите во секоја од државите, како и стекнување на основи за понатамошна соработка и започнување на заеднички регионални проекти. Големи се бенефитите на ваквите состаноци (кои ќе продолжат и во иднина), бидејќи компаниите од секоја од државите најголем дел од своите производи ги извезуваат во останатите балкански држави, па е неопходно усогласување на GS1 организациите при имплементацијата на GS1 стандардите.Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.
Г-дин Мирослав Илиќ, директор на GS1Србија, домаќин на настанот ги поздрави присутните
Учесници на регионалниот собир
Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.
GS1 Македонија презентираше три свои проекти:
Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор презентира Проект за GS1 DataBar и Систем на Македонска Сертифицирана Акредитација
Кирил Коровешовски презентира софрвер за изработка на GS1логистичка етикета
На крајот од дводневниот состанок, во просториите на GS1 Србија се одржа округла маса со работен наслов “Примена на GS1 стандардите во регионот” на која беа донесени заклучоци за начинот на кој што ќе се развива натамошната соработка меѓу GS1 организациите:
Настани
Новости