еИнфo
No27 - ноември 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

„Производите од GS1 Каталогот видливи и во Food Gate - Русија“

„Интервју со Г-дин Denis Ayzikovich (FOOD Gate)“

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Тимот на GS1 Македонија верува во силата на GS1 стандардите кои го трансформираат начинот на кој сите ние работиме и живееме. Уште еден позитивен пример на влијанието на GS1 стандардите на зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и јакнење на економијата во нашата Република е главната тема на овој број.

   Имено, настанот одржан на 27.10.2015 во Скопје, под мото „Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди“, привлече големо внимание во Републикава. Учествуваа преку 100 претставници на компании кои се во бизнисот со храна, 10 медиуми директно го покриваа настанот и објавено е на преку 20 портали.

   Во свечениот дел на настанот г-дин Зоран Поповски, директор на АХВ и г-дин Симон Наумоски, претседател на GS1 Македонија потпишаа Меморандум за соработка, како круна на повеќегодишната успешна, комплементарна и координирана активност помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и GS1 Македонија во насока на воспоставување меѓусебни релации кои произлегуваат од надлежностите на двете страни и согласно потребите на стопанството, за изградба на поефикасен и поефективен систем на безбедност и квалитет на храната.

    Во вториот работен дел стручно објаснување и толкување на новиот Правилник за информациите поврзани со храната, даде Примариус д-р Ленче Јовановска, раководител на сектор за храна од неживотинско потекло при АХВ.

    GS1 Македонија го промовираше новиот лик на GS1 Каталогот, комплетно редизајниран и со нови функционалности. Наша цел е GS1 Kаталогот да стане регистар на македонски производи, односно алатка за зголемување на конкурентноста на македонските производи и да им овозможи на македонските компании да добијат поголема видливост на своите производи, подобра презентација пред јавноста, зголемени можности за пласирање на своите производи на домашниот и странските пазари, подобра заштита на својата трговска марка и својот бренд, подобрување на имиџот на компанијата, можност да додадат нова вредност на своите производи и да ја зголемат пазарната вредност на компанијата. Во моментов во нашиот каталог има преку 2.000 производи од 230 македонски компании. Повеќе информации за настанот на ЛИНК

    Во овој број подетално ќе Ве информираме за ексклузивната можност на македонските фирми со своите производи да бидат видливи на рускиот пазар и обратно, преку воспоставената синхронизација на македонскиот GS1 Kаталог со платформата на FOOD GATE на GS1 Русија.