еИнфo
No9 - Јануари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Саудиската агенција за храна и лекови и GS1 потпишаа меморандум за разбирање, со кој се регулира пазарот на лекови


GS1 стандардите – помош на производителите да ги исполнат новите регулаторни барања на FDA за единствена идентификација на медицинските помагала


FDA UDI Регулативата е усвоена. Дали сте подготвени?


Новости од светот

 Саудиската агенција за храна и лекови и GS1 потпишаа меморандум за разбирање, со кој се регулира пазарот на лекови

   GS1 Саудиска Арабија (GS1 KSA) неодамна го потпиша меморандумот за разбирање со Саудиското тело за храна и лекови (SFDA), преку кој се зацврстува врската со регулаторните тела и здравствениот сектор во Саудиска Арабија со користење на GS1 платформата. Ова ќе означи нова ера и поттик за GS1 стандардите во регионот на Блискиот исток. Со новите регулации од SFDA, сите фармацевтски производи ќе бидат означени со GS1 DataМatrix до првото тромесечие во 2015 година.


   Меморандумот за разбирање бил потпишан на 20 ноември 2013 година од Саудиската агенција за храна и лекови и Советот на саудиски комори, кои ја претставуваат GS1 Саудиска Арабија. Со меморандумот се овозможува регулирање на пазарот на лекови во Саудиска Арабија преку имплементација на интернационалниот GS1 бар код систем за сите лекови кои се локално произведени или увезени во земјата.

    Потписници на меморандумот за разбирање се Dr. Saleh Bawazir, извршен потпретседател на SFDA и Khalid AlOtaibi, генералниот секретар на Советот на саудиски комори.

    

    Господин AlOtaibi изјави дека договорот е клучен чекор напред за поголема координација меѓу SFDA и бизнис секторот во Саудиска Арабија во врска со регулацијата на пазарот на лекови во земјата, која се очекува да постигне позитивни резултати во блиска иднина и за инвеститорите и потрошувачите. Тој исто така ги пофали напорите на SFDA да осигура безбедносни мерки за пазарот, како и посебните врски кои ги има SFDA со Советот и со приватниот сектор во Саудиска Арабија.

    Договорот има за цел да ја подобри соработката меѓу двете страни во имплементацијата на интернационалните GS1 системот на стандарди во здравствениот сектор, што ќе овозможи поефективни и уникатни стандарди во сите трансакции во дистрибутивниот синџир, со што ќе се овозможи побезбеден и посигурен пристап до лековите. Значајна е и подобрената следливост на производите, која овозможува полесно отповикување на некои лековите од пазарот.

   Со потпишаниот договор ќе се овозможи постојана размена на информации и понуда на најнови информации во врска со GS1 интернационалните стандарди, како и одржување на обуки за запознавање на производителите и увозниците со бенефитите, успешните имплементирани случаи и најдобри практики од другите земји во оваа област.

   Треба да се напомене дека бар код системот имплементиран од GS1 Саудиска Арабија е интернационално препознаен и нуди голема флексибилност во следењето на стока и ги обезбедува потребните информации за производите на местото на продажба, односно претставува клучен елемент во локалната и глобалната електронска комерција.