Како стандардите за следливост функционираат

GS1 стандардот за глобална следливост ги дефинира минималните услови кои треба да се исполнат во рамките на деловните процеси со цел да се постигне целосна следливост во синџирот на снабдување. Следливоста се обезбедува независно од технологијата што се користи. Овој стандард дефинира заедничка рамка за создавање на систем за следливост користејќи ги другите GS1 стандарди како бар кодови, носители на податоци, eCom и EPCIS.

Овој стандард овозможува следливост од крај до крај, поврзувајќи го текот на информациите со физичкиот проток на стоките. Во случај на појава на небезбедна храна, споделувањето на информациите поврзани со следливоста меѓу трговските партнери во синџирот на снабдување е од најголемо значење со цел да се обезбеди таргетирано и ефективно повлекување на небезбедните продукти.

GS1 стандардот за глобална следливост е основа на GS1 критериумите за исполнување за обезбедување на глобална следливост на храната. Тоа е документ кој ги оценува критичните точки во системот на следливост. Компаниите можат да го проверат и потврдат квалитетот и интегритетот на нивните постојни системи за следливост користејќи го овој документ со листа за проверка и со помош на нашите експерти за следливост.

 

Видете ги GS1 критериумите за исполнување за обезбедување на глобална следливост на храната

 

GS1 следливост

 

Податоци за следливост


Голем број на податоци се разменуваат меѓу трговските партнери. Сепак само 3 категории од податоците кои се споделуваат се соодветни за примена во имплементацијата на глобална следливост:

  • Матични податоци – податоци кои се трајни и кои се користат за описна идентификација на продуктот, страните и физичките локации (пример, име на компанија, контакт детали, адреса)
  • Трансакциони податоци – податоци настанати од деловните трансакции кои поттикнуваат или потврдуваат извршување на функција во деловните процеси како влез или излез во една трговска трансакција или деловен процес во согласност со деловниот договор (пример, датум на производство датум на употреба)
  • Податоци за видливост на настан - податоци за детални физички активности на продуктот или други средства кои даваат одговор во реално време на прашањата (Што, Кога, Каде и Зошто), пример температурен запис.

Стандарди

OНашите стандарди нудат глобална и уникатна идентификација и прибирање на податоци за трговските единици, средства, логистички единици, страни и локации. Во продолжение, нашите стандарди овозможуваат зачувување на критични податоци кои потоа со цел обезбедување на следливост се делат меѓу трговските партенри.

Имплементација на следливоста во акција

Имате прашања?

Ние можеме да Ви помогнеме