
Пораката се креира со податоци од постојниот ERP систем на компанијата. Структурата
и содржината на пораката е дефинирана во GS1 XML стандардите (објавени како XML
шеми). Овие XML шеми се користат за проверка на пораките пред истите да бидат испратени
преку интернет, за потоа штом стигнат до дестинацијата повторно да бидат проверени
од истата XML шема на страната на примачот пред истите да бидат прифатени од неговото
ERP решение.
GS1 XML пораки
GS1 XML пораките се развиени со користење на методологијата на моделирање на бизнис
процеси. Прво се опишува бизнис процесот, потоа се идентификуваат деловните податоци
кои треба да се разменуваат помеѓу деловните играчи. На крај претходно добиената
информација се мапира во електронска порака. Поради претходно спомнатото GS1 XML
пораките не секогаш се еквивалентни со традиционалните хартиени деловни документи.
Пораките кои се достапни во вид на GS1 XML стандард ги покриваат следните области
на синџирот на набавка:
- Пораки за синхронизација на податоци кои овозможуваат да се испраќаат информации
за атрибутите на трговските единици, а истовремено поддржуваат и автоматска синхронизација
на базите на деловните партнери со користење на глобалната мрежа за синхронизирање
на податоци - GDSN;
- Пораки за порачка на стока и одговор на таа порачка;
- Пораки со кои се објавува испраќање на стоки и потврда на нивниот прием;
- Пораки за барање на наплата за продадената стока и информации за потврда дека наплатата
е извршена;
- Пораки за планирање и реализирање на транспорт;
- Пораки кои овозможуваат автоматско надополнување на стоки.
Стандардите за GS1 XML подржуваат двонасочна комуникација и тоа помеѓу производителите
на стока за широка потрошувачка и трговците и помеѓу производителите на стока за
широка потрошувачка и нивните добавувачи на суровини.
Кои се придобивките од користењето на GS1 XML стандардот?
GS1 XML е целосно компатибилен со UN/CEFACT методологијата. GS1 XML пораките се
развиваат врз основа на Global Data Dictionary (GDD). GDD е складиште на:
- податочни компоненти, кои се користат при креирањето на GS1 XML стандардите, развиени
според UN/CEFACT Core Components Technical Specification (CCTS);
- деловни термини и нивна репрезентација во GS1 XML и други таргетни стандарди;
GS1 јадрените компоненти се испраќаа како влезни компоненти во развојот на UN/CEFACT.
GS1 е активно инволвирана во повеќе проекти на UN/CEFACT, еден таков пример е CCTS.
Иако развојот на вистинските UN/CEFACT стандарди (UN/XML) е се уште во раните фази,
GS1 активно учествува и продолжува да учествува во разбојот на UN/XML стандарди
во GS1 XML комплетот. Покрај тоа, развојот на GS1 стандардите се базира на ист дизајн,
моделирање и технички принцип на UN/CEFACT.
GS1 развива стандарди кои може да се користат во меѓународниот бизнис насекаде во
светот, но, исто така, тие стандарди се прилагодливи и проширив со цел да се исполнат
одредени регионални и индустријата барања. Овој пристап овозможува новите индустриски
барање лесно да се додадат на веќе постоечкиот сет на пораки и се овозможуваат нови
процеси без да се прекинува инсталирана база. Сето ова е доказ за приспособливост
на GS1 XML решенија.
GS1 XML стандардите обезбедуваат решенија за повеќе сектори со користење на иста
XML деловна порака, преку промена на екстензиите на содржината на стандардната XML
шема.