еИнфo
No22 - април 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

GS1 Digital и Интернетот на нештата (Internet of Things) - Причини за развивање на GS1 Digital

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Со овој, априлски број на нашето електронско списание го завршуваме серијалот од 3 последователни стручни написи кои ја обработуваат глобалната експанзија на дигитализацијата во сите сфери од нашето живеење и водење бизнис.

    Докажано е со многубројни статистички податоци и анализи дека во светски рамки последните години рапидно се зголемува користењето на мобилните уреди, покрај другото и за интернет пребарувања. Користењето на интернетот за пребарување и промовирање на производите е исто така во постојан раст. GS1 стандардите може да се искористат за да се подобри пребарувањето и да се зголеми довербата на корисниците во добиените податоци за производите преку GS1 Digital.

    Целта на GS1 Digital е да се подготви GS1 архитектурата за наредната генерација на предизвици со остварување на следните цели:

  • Вклучување на GS1 идентификационите клучеви во “Интернетот на нештата” (Internet of Things)
  • Развојот на веб стандарди за идентификаторите и стандарди за поврзаните податоци (linked data) за пристап до податоците
  • Премин кон скалабилен cloud базиран систем кој што ќе може да ги поврзе GS1 идентификаторите, атрибутите и другите контекстуални информации.

   Поради тоа идниот проект GTIN+ на веб, кој што е дел од GS1 Digital иницијативата, има за цел да се овозможи искористување на бар кодот (GTIN-от) како идентификациски клуч во креирањето на единствен доверлив канал за пристап до податоци за производот. Преку користењето на GTIN и останатите GS1 идентификациски клучеви се овозможува единствена идентификација на физичкиот производ. GTIN+ на веб има за цел да го пренесе овој начин на идентификација на производите и во виртуелниот простор и да им овозможи на крајните корисници детални податоци за производот од единствен извор на податоци, кој што е авторизиран од сопственикот (односно производителот) на брендот.

   Во иницијативата на GTIN+ на веб се приклучи и GS1 Македонија со новиот проект – електронски каталог на сите производи означени со македонски бар код GS1 Каталог.

Не чекајте повеќе. Вклучете се во GS1 Каталогот.