еИнфo
No13 - Јули 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Јубилеи

Соработка


Услуги

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   

   На 25 јуни 2015 година GS1 Македонија прослави 20 годишен јубилеј од своето постоење, при што ги запозна заинтересираните со временски релативно кусата, но историја богата со достигнувања на денес најраспространетиот светски глобален стандард и со сличниот историски развој на нашата национална организација, GS1 Македонија. По повод овој јубилеј, GS1 Македонија доби специјално признание од Меѓународната GS1 организација на Генералното Собрание во Берлин, во мај 2014 година. Нашиот 20 годишен јубилеј се совпаѓа со прославата на 40-годишнината на Меѓународната GS1, бидејќи на 26 јуни 1974 е за прв пат во светот скениран производ со GS1 бар код, во супермаркет во Охајо, САД.


   Денес, со гордост можеме да констатираме дека GS1 Македонија успеа да стане препознатлива во национални и меѓународни рамки и дека е рамноправна со останатите 111 национални GS1 организации, во однос на развојните и проектните активности, како и во сé помасовната имплементација на GS1 стандардите во Република Македонија.


   Среќни сме што успеавме да нашите корисници (од стопанскиот и нестопанскиот сектор) денес соработуваат со GS1 Македонија како со респектабилен деловен партнер, кој со својот широк спектар на услуги и бесплатна стручна помош им овозможува да ја зголемат ефикасноста, безбедноста и профитабилноста преку прифаќање и користење на стандардите. Од трговија на мало до здравство, од прехранбена индустрија до транспорт и логистика, GS1 стандардите постојано го трансформираат и подобруваат начинот на живот во Република Македонија.


   Ние во GS1 Mакедонија сме горди што за релативно кус период успеавме да ја зголемиме општата свест за неопходноста од примената на новите технолохии и методи во сите области и сектори и да придонесеме за развој и оптимизација на GS1 глобалните стандарди и решенија во нашата земја..


   Во развојниот пат кој го поминавме изминатите 20 години, остваривме многу корисна соработка со бројни институции и организации. Со нив го споделуваме нашето чувство за успешност во досегашната примена на GS1 системот на стандарди во нашата земја.


   Сите наши идни активности ќе бидат и понатаму насочени кон задоволување на деловните потреби на нашите членки и совладување на предизвиците кои ги поставуваат евроатлантските интегративни процеси во сите сфери од економските и институционалните активности во Републиката.