еИнфo
No10 - Февруари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Поддршка за усвојувањето на GS1 Стандардите


HL7 го поддржува GS1


GS1-Користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата


Новости од светот

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   

   Нашата определба да Ви обезбедиме најдобра информација за актуелните случувања на полето на GS1 стандардите Ви ја нудиме и во ова февруарско издание на нашето електронско списание. Во овој број сме фокусирани на Здравствениот сектор, во кој последниве години со најбрзо темпо се прифаќаат и имплементираат GS1 стандардите. Со оглед дека во Република Македонија сé повеќе институции и регулаторните тела од Здравствениот систем и ги прифаќаат GS1стандардите како бизнис можности за остварување на пефикасно, поекономично работење, остварувајќи при тоа и поголема безбедност на пациентите, Ви пренесуваме некои светски примери од пракса. Се надевам дека со презентираните материјали ќе Ве инспирираме во Вашите идни проектни активности. Во содржината ќе најдете интересни написи за:

 
  • Континуирано зголемување на бројот на Здравствените заедници од целиот свет кои ги прифатија GS1 Стандардите и ja забрзаа нивната имплементација со потпишување на Меморандум за соработка со GS1;
  • Организацијата Health Level Seven International® (HL7®) ја потврди својата поддршка на GS1 преку приклучување кон повеќе од педесетте водечки учесници во процесите во Здравството и Синџирот на Снабдување во Здравството од целиот свет со потпишување на Меморандумoт;
  • Во Австралија започна со работа нов електронски менаџмент систем за идентификација и отповикување на терапевтските производи, базиран на заеднички активности на GS1 Австралија и националното регулаторното тело за Здравство;
  • EFPIA со нови активности во борбата против фалсификување на лековите;
  • Министерството за здравство на Велика Британија ги избра GS1 Стандардите.