GS1 следливост во здравството

Следењето на продукти низ синџирот на снабдување во здравството ги елиминира фалсификат медикаментите и уреди и со тоа ја зголемува безбедноста на пациентите и ги исполнува барањата на регулаторите.

Што е следливост:

Следливоста во здравството овозможува следење на медикаментите или медицински уреди низ синџирот на снабдување. Следењето е овозможено и обратно со цел да се добие увид во историјата на движење на продуктот и локациите каде тој престојувал се до фабриката која што го произвела. Можно е и преглед на рутата кој што продуктот треба да ја има во иднина се до точката на медицинска нега.

Следливост во здравство

Прифаќање и имплементирање на GS1 стандардите

Глобалниот стандард за следливост во здравство (Global Traceability Standard for Healthcare - GTSH), стандард за процеси кој овозможува рамка во која се опишани процесите на следливост и се дефинирани минималните барања на компаниите кои сакаат да обезбедат следливост. Стандардот е технолошки независен – може да се користи било кој бренд на хардвер или софтвер и не зависи од големината на организацијата или оперативна софистицираност.

Интегритет на синџирот на снабдување во здравството

EPCIS e GS1 стандард кој им овозможува на трговските партнери да споделуваат информации за движењето и локацијата на продуктите и средствата низ синџирот на снабдување врз основ на четири настани:

  • ШТО – средства и/или продукти се опфатени?
  • КОГА – овој настан се случил?
  • КАДЕ – беше продуктот или средството и каде е сега?
  • ЗОШТО – средствата/продуктите се тука, зошто се процесираат?