еИнфo
No16 - Октомври 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

EPC/RFID

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   Сметам дека со одбраната тема во овој октомвриски број ќе го привлечеме Вашето внимание и ќе Ви отвориме нови хоризонти во осознавањето на моќноста и на широкиот спектар на области од индустриски сектори каде GS1 стандардите наоѓаат апликативна примена .

   Имено, се работи за EPC/RFID технологијата со имплементирани GS1 стандарди, која низ светот ја користат големите, мултинационални бренд компании.

   Со имплементацијата на оваа напредна технологија се подобрува деловното функционирање на дневна основа, затоа што придонесува:

  • Да се постигне висока контрола во управувањето со залихите до тој степен да фирмата во секој момент ги има сите производи кои се потребни на корисниците.
  • Попрецизна и навремена контрола на залихите со автоматско меѓусебно известување во реално време на дистрибутивните и производствени центри.
  • Намалување на складираните количини на залихите.
  • Зголемување на достапноста на продуктите вклучувајќи ги и оние кои најмногу се бараат.
  • Подобрување на купувачките искуства на потрошувачите.
  • Зголемена ефикасност преку целосно автоматизиран систем на надополнување.
  • Зголемување на продуктивноста.
  • Намалување на загубата, како резултат на немање залихи.
  • Зголемување на продажбата.
  • Зголемување на профитот.

   Во Здравствениот сектор користењето на GS1 стандардите како EPCIS за поддршка на серијализацијата и следливоста во иднина ќе биде клуч во обезбедувањето поголема сигурност во синџирот на снабдување во здравството и истовремено со негова примена ќе се исполнат новите регулаторни барања кои се носат во светот. Со примена на овој стандард се минимизира можноста за контаминирање, расипување, диверзија или фалсификување на фармацевтски продукти. EPCIS е GS1 стандард за прибирање на податоци за движењето и статусот на продуктот, логистичката единица или останати ствари во синџирот на снабдување и делење на тие податоци меѓу инволвираните страни во дадениот процес. Овој стандард им овозможува на трговските партнери да прибираат податоци за настани поврзани со информациите за дадени објекти како што тие објекти се движат низ синџирот за набавка и им овозможува овие собрани информации да ги споделат со авторизираните трговски партнери.