Семинари

  • 16/06/12
    10:00:00

    Со GS1 GDSN Вашите производи стануваат препознатливи и достапни на трговските партнери на глобалниот светски пазар

    GS1 Македонија како и многупати досега Ве поканува на бесплатен едукативно-информативен семинар, на кој за ПРВ ПАТ во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со најновите трендови, деловни процеси и модели, како и со нови технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Тоа е можност за проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис. Предавачи на семинарот ќе бидат експерти од GS1 Хрватска - г-дин Дамир Шеговиќ и од GS1 Словенија - Д-р. Матеја Подлогар...

  • 09/05/11
    10:00:00

    Примена на GS1 стандардите при имплементација на следливоста

    Со примената на GS1 стандардите во процесот на Следливоста се овозможува лоцирање на неисправна или небезбедна храна, фармацевтски или други производи, со цел нивно брзо отстранување од продажба. Благодарение на брзо и лесно повлекување на посочените единици или групи на единици, може да се спасат животи. Брзото повлекување исто така ги намалува негативните економски последици и придонесува да се сочува довербата на потрошувачите во квалитетот на нивните омилени брендови, како и довербата во системите кои се проектирани да ја штитат нивната безбедност...

  • 29/09/10
    10:00:00

    Следливост (Traceability) предизвик за македонското стопанство и решенијата што ги нуди Meѓународниот GS1 систем на стандарди

    GS1 Македонија во соработка со GS1 Хрватска на 29.09.2010, во просториите на Стопанската комора на Македонија сe одржа втор семинар на темата Следливост. Присуството на околу 170 учесника на семинарот, покажа дека во Македонија постои огромен интерес за едукативни семинари од областа на примената на GS1 стандардите. Меѓу учесниците беа еминентни претставници на: Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и вoдостопанство, како и претставници на нивните дирекции/управи/тела надлежни за прилагодување на легислативата во Р. Македонија...

  • 10/06/10
    10:00:00

    GS1 стандардите во функција на следливост (Traceability – Track and Trace)

    Целта на семинарот беше развој и оптимизација на употребата на GS1 глобалните стандарди и решенија, како и зголемување на општата свест за неопходноста од примената на новите технологии и методи, т.е електронско работење во сите области на македонската економија. Учесниците на семинарот се здобија со нови сознанија дека со имплементација на GS1 стандардите во процесот на следливост се овозможува ефикасна заштита од фалсификати на лекови, храна, трговски брендови, се обезбедува максимална заштита на пациентите и потрошувачите, а производителите и трговците реализираат огромни заштеди.

  • 12/06/09
    10:00:00

    Со GS1 стандарди до информатички здравствен систем

    Во здравството, исто како и во останатите области се повеќе доаѓа до изразпотребата од преиспитување на управувањето во работењето, елиминирање нанепродуктивните, непотребни и застарени процеси кои мораат да бидат надминати. Во исто време потребно е да се унапредат административните и логистичките процеси воздравствените организации и нивна рационализација. Тоа ја наметнува потребата одпримена на автоматско прибирање и обработка на податоците, како и нивна електронска размена, базирана врз меѓународните стандарди...