еИнфo
No6 - Октомври 2013


Превземи PDF 

Содржина

GS1 DataBar насекаде низ светот

САД Канада
Велика Британија Австрија
Холандија Јужна         Кореја
Ирска Австралија
Белгија/ Луксембург Jaпонија
Полска  
 

 

Темa на бројот

Бизнис бенефити за специфични области  

Месо, живина и морска храна
Млеко и млечни производи
Производство
Книги и магазини
Фармацевтски производи
Купони
Мали производи

 

Teма на бројот


Бизнис бенефити за специфични области

  Месо, живина и морска храна 
  
   Месната индустрија и индустријата за морска храна имаат одлични можности за имплементација на GS1 DataBar-от во нивното секојдневно работење и решавање на тактичките идентификациони проблеми.
    Некои од очекуваните бенефити се следниве:
 
  • Менаџирање на производите по нивниот датум на употреба/датум најдобро до
   GS1 DataBar-от нуди систематска идентификација на датумите поврзани со производот. На местото на наплата може да се активира систем за предупредување, доколку датумот на употреба на производот е изминат. Воедно, се овозможува автоматско детектирање на производите, како што се ближи нивниот датум “најдобро до”. Разместувањето на производите во рамките на транспортната кутија исто така може полесно да се менаџира. Со GS1 DataBar се надминуваат разликите во различното користење на различни пазари. 


“Повеќе од триесет години месната индустрија заедно со трговците на мало и податочните провајдери се обидуваше да развие систем за точно идентификување на променливите податоци за месните производи на местото на наплата. Ние сме оптимисти дека GS1 DataBar го има потенцијалот да обезбеди поточни и поопширни податоци за месните производи со променлива тежина.”

Randy Irion
National Cattleman’s Beef Association

  • Подобро разбирање на потрошувачките навики на купувачите
   Разбирањето на потрошувачките трендови на купувачите врз база на датумот “најдобро до”, како и следењето на продажбите на одреден купувач или дистрибутер може да помогне во дефинирањето на стратегиите за автоматско надополнување на залихите. 
  • Менаџирање на тежината на производите

   Додавањето на тежината на производите во кодната структура можат да помогнат во мерењето на профитабилноста.

 

  • Идентификација на областите на продажба

   Продажбата на месо на местото на наплата/каса (POS), најчесто не се разликува од останатите продажби и GS1 DataBar-от може да помогне во идентификација на овие производи. 

 

  • Синхронизација на податоците

   Замената на локалните кодови за означување на трговски производи со променлива тежина со индустриски стандардизираниот GTIN и апликационите идентификатори за кодирање на променливите атрибути на производот е директно поврзан со начинот на идентификување на производот во GDSN (Глобалната мрежа за синхронизација на податоците).

 

  • Следливост

   Со користење на GS1 DataBar-от се овозможува следливост на производот во рамките на дистрибутивниот синџир на сите нивоа: дистрибуција, складирање и продажба. 

[почеток]

 

Млеко и млечни производи   
 
  Голем дел од бенефитите споменати во претходната секција важат и за млекото и млечните производи. Некои од специфичните бенефити за имплементација на GS1 DataBar-от во млечната индустрија се следниве:
  • Менаџирање на производите според нивниот датум на употреба/датум најдобро до
  • Подобрата контрола на датумите за употреба и идентификацијата на производите, чиј што датум на употреба се ближи, ќе овозможи подобро реорганизирање на производите и издвојување на производите со изминат рок.

     

  • Расипливи производи
  • Во оваа категорија спаѓаат производи со голема веројатност за брзо изминување на рокот на употреба, кои што треба да бидат автоматски идентификувани и отстранети во местата на продажба.

    Етикетирањето во овие области најчесто мора да се врши внатрешно. Поради тоа се јавува потреба вагите/печатачите да можат да печатат GS1 DataBar симболи.

[почеток]

 

Производство   
   
    Денешните глобални решенија за идентификување на свежата храна на местата на наплата во трговијата на мало имаат потреба од поддршка на 40 различни системи за менаџирање на категориите. Бидејќи не постои глобален систем за менаџирање на класификацијата, а големиот број на алатки за менаџирање не се оспособени за користење во производство, во оваа област воведувањето на глобален стандард ќе предизвика значајна ефикасност.
“GS1 DataBar и нуди на индустријата можност за трансформација на дистрибутивниот синџир за свежа храна со воведување на нов стандардизиран начин на идентификација на местото на наплата. Воедно, моменталниот систем со купони ќе се трансформира за да овозможи побрзо и поточно процесирање на купоните кај трговците на мало.”

Patrick Walsh
FMI

 

Некои од бенефитите кои што ги нуди GS1 DataBar-от, доколку се имплементира во производство се следниве:

 

  • Подобрена точност на местата на наплата/каса (POS-Point of Sale)
  • GS1 DataBar симболите доколку се поставуваат во областа на производство ќе овозможат зголемување на точноста на внесените податоци, наместо тоа да зависи од касиерките кои рачно ќе ги внесуваат кодовите – кои можат да внесат погрешен бар код, што ќе резултира во неточни податоци и погрешно намалување на залихата.

     

  • Подобрена точност на местото за самостојно скенирање на производите
  • Потрошувачите преферираат да ги скенираат производите на местата за самостојно скенирање на производите наместо рачно да го внесуваат бар кодот, со цел да можат да ја добијат вистинската цена на производот.

     

  • Зголемена брзина на местото на скенирање
  • Скенирањето на бар кодот е побрзо отколку рачното внесување.

     

  • Идентификација на производителот
  • Со идентификување на специфичниот набавувач на производот преку GS1 DataBar симболот, се овозможува поголема контрола на продажбата и се подобруваат стратегиите за идентификување на трендови, предвидувања и надополнувања на залихите.

    [почеток]

Книги и магазини   

  Книгите и магазините моментално се означени со користење на два бар кодa во голем број маркети. Оваа пракса (користење на два бар кодa) на местото на продажба значително ја намалува ефикасноста и води до потребата од повторно етикетирање на трговските производи. Оваа област се идентификува како област во која имплементацијата на стандардите ќе биде доброволна, но е со помал приоритет отколку индустријата за свежа храна, производи со променливи димензии, фармацевтската индустрија и купоните.
  Сепак, некои од очекуваните бенефите се следниве:
  • Зголемена брзина на местото за скенирање
  • Една глобална бар код симбологија која ги содржи GTIN-от, ISBN или ISSN и дополнителните информации во рамките на книгите и периодичните списанија ќе резултира во побрзо скенирање на местото на продажба.

     

  • Избегнување на трошоци
  • Се елиминира потребата за повторно означување на книгата или магазинот покрај ISBN или ISSN бар код симболот.

     

  • Добивање на дополнителни информации
  • Добивањето на дополнителните информации како што се насловите и бројот на изданието, се корисни при извештаи за утврдување на трендови, предвидувања и правење стратегии за надополнување на залихите.

    [почеток]

     

Фармацевтски производи   
   
    GS1 Глобалната работна група за здравство (Healthcare Users Group - HUG) побара поддршка од GS1 Управниот одбор и трговците на мало за ревизија на начинот на кој што се идентификуваат производите во здравството, со цел да се вклучат GS1 DataBar и GS1 DataMatrix како дополнителни клучеви за идентификување. GS1 DataMatrix има предност во однос на GS1 DataBar во случаи кога е потребно скенирање со големи брзини, но таквиот начин на скенирање има потреба од опрема за скенирање базирана на специјални камери, која што најчесто не е инсталирана во фармацевтските аптеки.   “Како трговец на мало, ние од секогаш сме барале начин за подобрување на искуството на потрошувачите. Овој нов бар код симбол, GS1 DataBar ќе ни овозможи да го подобриме искуството на потрошувачите во голем број области, особено при продажба на мали производи и добивање на дополнителни информации на местото на продажба.”

Daniel Kochanowicz
Woolworths


   GS1 HUG продолжи да работи заедно со регулаторите во идентификувањето на GS1 DataMatrix како една од опциите за идентификација, но воедно соработува со трговците на мало за да го идентификува најдоброто решение за избор на решение за скенирање на бар код симболи во аптеките.Трговците и производителите на фармацевтски производи се заинтересирани за бенефитите од користењето на бар кодовите за означување на производи со променливи димензии.
   Потенцијалните бенефити од користењето на GS1 DataBar-от во фармацевтскиот сектор се следниве:
  • Менаџирање на производите со датуми на употреба/датуми “најдобро до”
  • Следливост и центрирано повлекување на производи
  • Помали димензии на бар код симболите, обезбедуваат повеќе простор за другите податоци или намалување на големината на пакувањето, со што би се намалила и цената на производот.

  • [почеток]
Купони

GS1 DataBar нуди значајни придобивки доколку се употребува при креирањето на купоните. Некои од нив се:
  • Автоматско менаџирање на датумите за употреба на местото на наплата

 

  • Намалување на рачното внесување на податоците и конфигурирања на местото на наплата

 

  • Намалување на времето потребно за скенирање на купонот од страна на касиерката

 

  • Автоматско поврзување со делот за автентификација на купонот и одредување на попустот
“Во САД, купоните се значаен бизнис. Меѓутоа, досега постоеа одредени ограничувања поради стариот начин на креирање на купоните и бар код структурите. GS1 DataBar-от ја ревитализира индустријата и нуди голем потенцијал за идни подобрувања. ”

Doug Naal
Kraft

  • Автоматска верификација дека вистинскиот промотивен производ бил купен

 

  • Покомплексни и пофлексибилни шеми со купони

 

  • Поголем број на кодови кои можат да се користат
    [почеток]

     

Mали производи

  Ограничениот простор кај малите производи предизвикува намалување на големината, а со тоа и квалитетот на EAN бар кодовите со кои се означени. Поради тоа, имплементацијата на GS1 DataBar-от кај малите производи ќе овозможи одредени бенефити.
  • Козметички и фармацевтски производи. Просторот кој што е достапен за печатење на бар кодовите на повеќето козметички и фармацевтски производи е ограничен, бидејќи пакувањата се мали и постојат одредени законски барања за приказ на состојките и други информации. Денес пакувањата се прават поголеми за да можат да ги содржат сите овие информации.

 

  • Производи со неправилна форма. Помалите GS1 DataBar симболи можат да помогнат при означување на производите кои се закривени, сферични или имаат форма која го отежнува физичкото поставување на бар кодот.
“Некои од нашите производи за убавина и нега имаат многу мало пакување и постојат строги регулативи за количеството на текст што може да се постави на кутиите без разлика колку се тие мали. Тоа значи дека имаме помалку простор за приказ на информации значајни за корисниците. Ние се надеваме дека GS1 DataBar симболите ќе ни помогнат во решавање на оваа дилема”

Bud Babcock
Proctor & Gamble

 

  • Повеќејазично етикетирање. Произво-дите со повеќејазично етикетирање можат да се продаваат во повеќе земји (особено во Европа), но тоа го ограничува просторот, па мора да се користат помали GS1 DataBar симболи.
  •  [почеток]