Работилница на тема “Правилник за информации поврзани со храната и промоција на новиот лик на GS1 Kаталогот”

GS1 Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува со серијалот на едукативни семинари на тема: “Правилник за информации поврзани со храната и промоција на новиот лик на GS1 Kаталогот”. На 6 ноеври 2015, во Домот на АРМ во Струмица се оддржа успешна работилница на која активно учество зедоа 55 учесници од 42 компании – производители на храна од Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш и Берово.

sometext

Во првиот дел од работилницата тимот на GS1 Mакедонија го претстави GS1 Kаталогот со комплетно нов лик, односно:

  • усогласен согласно новиот Правилник на АХВ и ЕУ регулативата 1169/2011,
  • тројазичен – македонски, англиски и албански портал,
  • проширен со дополнителни сегменти понуда-побарувачка и
  • синхронизиран со каталогот FOOD GATE на GS1 Русија што е само прв чекор, бидејќи се планирани синхронизации со сите каталози на кои работаат GS1 организациите во регионот.

GS1 Kаталогот како проект на GS1 Mакедонија постои цела година. За развојниот пат на проектот, бенефитите и идните активности во неговото имплементирање зборуваше Билјана Рембоска, самостоен советник во GS1 Mакедонија. Техничките можности и начинот на користење на каталогот како алатка пред учесниците ги објасни м-р Кирил Коровешовски, стручен соработник во GS1 Mакедонија. Посебен интерес учесниците покажаа за новододадениот сегмет понуда-побарувачка за која зборуваше и детално го објасни начинот на пополнување и пребарување м-р Александар Кедијоски, стручен соработник во GS1 Mакедонија. На работилницата посебен акцент беше даден и на воспоставената синхронизиран на GS1 Каталогот со каталогот FOOD GATE на GS1 Русија. Со ова синхронизација на македонските производи поставени во GS1 Каталогот им е овозможена видливост на рускиот пазар. Преку воспоставената синхронизација целта на GS1 Mакедонија беше да даде придонес кон зголемување на конкурентноста на македонските производи преку интернет мрежата.

sometext

Во вториот дел од работилницата стручно толкување на новиот Правилник за информациите поврзани за хранат, објавен во Службен весник на РМ бр.150 од 02.09.2015, дадоа претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ примариус д-р Ленче Јовановска и примариус д-р Лидија Дамевска. Д-р Ленче зборуваше за важноста на донесените закони и правилници од страна на агенцијата кои се однесуваат на означувањето на производите и кои се усогласени со европските регулативи и директиви. Таа потенцираше дека со нивното донесување и спроведување македонските компании се подготвени своите производи да ги продаваат надвор од границите на Република Македонија. Низ конкретни примери, за различни индустрии, даде насока како треба да се комбинираат пропишаните закони и правилници за да се дојде до правилно означување на производ. Детално толкување на новиот Правилник за информациите поврзани со храната, низ конкретни примери даде д-р Лидија Дамеска. Таа особено потенцираше кои се задолжителните информации поврзани со храната кои мора да бидат поставени на етикетите од производите.

По завршување на стручните предавања следеа низа прашања и во однос на новиот Правилник и во однос на пополнување на каталогот. Сите учесници истакнаа дека со вака организирани работилници многу полесно ќе се усогласат по новите одредби од Правилникот а и поставувањето во каталогот на нивните производи е полесно бидејќи тој е усогласен со одредбите на новиот Правилник. Работилницата заврши со повик до компниите за заедничка соработка со цел заеднички да се изгради регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди.