Прославен значаен јубилеј на Македонската асоцијација за GS1 стандарди - GS1Македонија

ДВЕ ДЕЦЕНИИ И МАКЕДОНИЈА „ЗБОРУВА“ СО ЕДИНСТВЕНИОТ ГЛОБАЛЕН ЈАЗИК НА БИЗНИСОТ

На 25 Јуни 2014 година во скопскиот хотел „Александар Палас“во присуство на бројни гости, GS1 Македонија го прослави дваесет годишното постоење под мотото „Нашите први 20 години“. На прославата, покрај бројни компании, присуствуваа и претставници од министерствата, од владините тела и агенции, од јавните институции и од коморите. За јубилејот, GS1 Македонија подели и триесет и две плакети за своите членки, петнаесет за членки од 1994 година и 17 за поддршка и развој на GS1 системот во Република Македонија.

sometext

Плакети за членки од 1994 година и плакети за поддржувачи на GS1 системот во Македонија

-Нашата цел е максимално да помогнеме бизнис заедницата во Републикава што побрзо да ја зголеми својата конкурентност и да стане рамноправен партнер на својата конкуренција во меѓународната трговија и воедно да обезбеди предуслови за зголемено присуство на нивните производи на светските пазари, преку користењето на нашите единствени, глобални, неутрални GS1 стандарди, кои носат бенефити за бизнисот и го подобруваат секојдневниот живот на потрошувачите. – подвлече Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија. - На нашите членки кои имаат валидни (акредитирани) бар кодови од 2006 година па наваму им се овозможува полесен пробив на глобалниот пазар и остварување бизнис релации со преку милион компании од светот преку Глобалниот регистар на компании под име GEPIR, во кој се регистрирани, присутни, сите светски компании вклучувајќи ги и македонските.

 
 

 

sometext

Обраќање на г-дин Бранко Азески, првиот претседател на Управниот одбор на GS1 Македонија

-Најголемите бенефити од користењето на ГС1 стандардите македонските компании ќе ги почувствуваат во наредните 10 години. Се работи за алатка која придонесува за зголемување на конкурентноста, иновативноста и во краен случај на извозот. – истакна пред присутните Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. – Несомнено, најсилната компонента на бизнисот е информацијата, па затоа бар-кодовите ќе станат најдобра алатка и за македонските компании.

sometext

На прославата, покрај бројни компании, присуствуваа и претставници од министерствата, од владините тела и агенции, од јавните институции и од коморите

sometext

Презентација на тековните и идни проекти на GS1 Македонија - самостоен советник Билјана Рембовска

- Основните цели на GS1 Македонија се воведување, примена и развој на единствениот меѓународен систем на глобални стандарди (GS1 стандарди) за автоматска идентификација на производите и услугите, електронска размена на податоците и обезбедување на неутрална платформа за отворена соработка помеѓу сите деловни партнери – истакна Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија. - Основната мисија на GS1 Македонија е да управува, обезбедува единственост и интегритет на GS1 системот во Републиката и да доделува GS1 идентификациони броеви за баркодирање (Единствен Матичен GS1 број – GS1 ЕМБ) на македонските компании неопходно потребни во менаџментот на националниот и светскиот синџир на снабдувањето. -Визијата на GS1 Македонија е масовна примена на GS1 стандардите во сите области од производниот и непроизводниот сектор во нашата Република. Со алатките кои ги нуди GS1 системот на стандарди се овозможуваат големи бенефити за сите негови корисници и се подобрува деловното работење и животот на луѓето. Сите идни активности и понатаму ќе бидат насочени кон задоволување на потребите на нашите членки и да GS1 визијата стане реалност.



Настанот предизвика голем интерес кај медиумите, како кај домашните така и кај странските. Во прилог можете да прочитате еден од објавените прилози надвор од Македонија:
http://www.instore.rs/newsarticle/newsarticle/GS1-Makedonija-proslavila-20-godina-od-osnivanja

Дознајте повеќе за нашите први 20 години на: Е-инфо бр.12