Нашите први 20 години
Јуни 2014


Превземи PDF 

Содржина

Вовед


Области на делување


Промотивни, едукативни и публицистички активности на GS1 Македонија

Промотивни, едукативни и публицистички активности на GS1 Maкедонија

 

Во фокусот на нашите активности се потребите на нашите членки.

Со цел да ја доближиме тематиката на GS1 стандардите и да им го олесниме патот на нашите членки кон нивната практична имплементација во деловното работење, постојано им нудиме помошт и поддршка преку низа активности за надминување на пречките со кои се соочуваат во деловното работење и за исполнување на се поголемите и покомплексни барања на глобалниот пазар.

За таа цел GS1 Maкедонија спроведува бесплатни едукативни, промотивни активности и издава стручни публикации.

Користејќи го GS1 системот на стандарди, македонските компании можат да ја зголемат својата ефикасност, намалат трошоците, зголемат профитабилноста и конкурентноста, остварат побрза бизнис комуникација и полесно ги продаваат нивните производи насекаде низ светот.

 

Семинари

Од првата јавна промоција на GS1 стандардите по повод зачленувањето на 1000-та членка УКИМ ИЗИИС Скопје на 3-ти Јуни 2005 година, па преку првиот голем семинар за практичната примена на GS1 стандардите на 28-29.11.2006 година со GS1 Италија, едукативните и промотивните активности следните години се зголемуваа и прошируваа на разни области од GS1 системот на стандарди.

Одржани се повеќе семинари со домашни и странски експерти, кои предизвикаа голем интерес кај нашите членки и пошироката јавност. Истите беа масовно посетени во просек со над 130 посетители. Темите на семинарите се однесуваа на примената на GS1 стандардите во здравството, за следливоста на производите и свежата храна, GDSN, EDI, новите бар кодови GS1 DataMatrix и GS1 DataBar.

Секој од семинарите претставува можност компаниите да се запознаат со новостите во нивниот индустриски сектор, да се запознаат со најдобрите практични примери од различни земји во светот, но и да добијат идеи на кој начин да го насочат својот иден развој за да бидат поуспешни во нивното работење.

 

Обуки и работилници

Целта на обуките и работилниците е да ја доближиме тематиката на GS1 стандардите до нашите членки и им овозможиме стекнување на квалификувани знаења за GS1 системот во целина, за неговата меѓународна препознатливост и примена во различни области, за местото и улогата на GS1 Македонија во овој меѓународен систем на стандарди, со што ќе им се олесни патот кон практична имплементацијата на GS1 стандардите во нивното деловно работење и овозможи користење на бенефитите со кои се стекнуваат како членки на GS1 Македонија.

Секоја нова членка добива бесплатна обука за основите на GS1 системот и GS1 стандардите и нивно правилно имплементирање.

Во сите поголеми градови низ Македонија оддржани се интерактивни работилници со нашите членки.

Во ноември 2012 година одржана е серија работилници со инспекторатот на АХВ во различни градови низ Републиката, а во јануари 2013 и со менаџерскиот тим на АХВ.

Пополуризацијата на GS1 системот и бенефитите од неговата примена се одвива и преку настапи во јавните медиуми и објавувани написи во печатените медиуми.

Посебни теми од GS1 системот се обработени и презентирани пред студентите на Економскиот факултет при УКИМ Скопје, пред членките на Американската стопанска комора на Македонија итн.

 

Веб сајт

За прв пат во 2006 година е изготвена веб страница на GS1 Македонија со креирани авторски, самостојни, автентични и уникатни текстови, прилагодени на потребите и нивото на информатичката опременост на нашите членки. Со развојот на нашата организација и развојот на ИТ технологии во Македонија, нашиот сајт во 2012 година прерасна во модерен, квалитетен и кориснички ориентиран веб сајт, изработен во согласност со препораките на GS1 Меѓународната организација. Овозможено е електронско зачленување на нови членки и електронско пријавување за обуки и настани. Изработени се 10 нови микро сајтови за услугите и настаните кои што ги нуди GS1 Македонија. Сајтот секојдневно се оддржува и ажурира со најнови информации од работењето на GS1 и нуди содржини кои се помасовно се користат од сите заинтересирани - потенцијалните и постојните членки.

 

Публикации и видео материјали

Со цел стручните материјали од Меѓународната GS1 организација да бидат подостапни на нашите членки, од 2011 година нашите вработени започнаа со нивниот превод и адаптација на македонски јазик. Од тогаш, преведени се повеќе од 40 публикации и повеќе од 30 едукативни видео материјали, кои се поставени на сајтот на GS1 Македонија.

 

Социјални мрежи

Во време кога социјалните мрежи стануваат се повеќе користени како извор на информации за нивните корисници, GS1 Македонија активно работи на свое популаризирање во рамките на овие мрежи. Активностите за популаризација на GS1 на социјалните мрежи се одвиваат секојдневно со поставување на интересни содржини од работењето на GS1 и GS1 Македонија.

 

Верификација

Во светот денес се скенираат преку 6 милијарди бар кодови. Над 1 милион компании низ светот ги користат GS1 стандардите во нивното работење и задоволување на корисничките очекувања. Ова значи дека доколку бар кодовите не можат да бидат соодветно декодирани, тоа ќе ја чини компанијата време и пари. Денес, точно и правилно генерираните GS1 бар кодови се највиталниот дел од дистрибутивниот синџир, бидејќи со нивно скенирање се пренесуваат брзи и точни информации. GS1 Македонија од 2013 година воведе нова услуга за своите членки – Верификација на бар кодовите. Преку верификацијата се овозможува потврда дали бар кодот е во согласност со GS1 и ISO стандардите и можност за откривање на сите несогласувања - потенцијални грешки во генерираниот бар код. Во изминатите две години голем број компании пројавија интерес за оваа нова услуга, а дел од најеминентните компании во Македонија се редовни корисници на верификацијата.

 

Софтвер за генерирање на GS1-128 бар код и логистичка етикета

Како одговор на големиот број барања од нашите членки за означувањето и етикетирањето на хиерархиските пакувања при извоз во странство - правилно генерирање на GS1-128 баркодови за означување на транспортни кутии и GS1 логистички етикети за означување на палети, вработените во GS1 Македонија во 2013 развија сопствено веб базирано софтверско решение со кое се олеснува имплементацијата на GS1 стандардите во македонските компании.

Софтверот е наменет за извозно ориентираните компании, особено мали и средни претпријатија, кои немаат интегриран информационен систем имплементиран во самиот процес на производство.

Услугите се поделени во два пакети:

  • Основен пакет, во кој е содржана изработката на GS1 -128 баркодови, кои потоа може да се интегрираат во етикетите на транспортните кутии.
  • Премиум пакет, вклучува изработка на GS1 -128 баркодови и изработка на GS1 логистичка етикета (хомогена или хетерогена) за означување на палети и нивно директно печатење.

GS1 Каталог

Глобална синхронизација на податоците за производите - GDSN

GDSN овозможува да компаниите и организациите ги користат податоците за про-изводите со внесување на податоците само еднаш и споделување на истите неограничен број пати. Следејќи ги најновите трендови за синхронизација на податоците, GS1 Македонија изработи GS1 Каталог кој ќе им помогне на корисниците да ги намалат или елиминираат грешките, да ја зголемат продуктивноста и видливоста и да ги почитуваат најновите ЕУ регулативите. Во светот постојат 29 официјални GS1 каталози кои се меѓусебно поврзани во посебна мрежа преку која се овозможува дистрибутивен начин на чување на податоците, а пристапот до податоците се врши транспарентно без разлика на географската локација и избраниот GS1 каталог. Глобалниот регистар на GDSN веќе содржи 14 милиони регистрирани производи, дуплирајќи го бројот на GTIN-овите во последните 3 години – што е уште една потврда за актуелноста на овој проект.

GS1 Македонија во 2014 година изработи сопствен GS1 Каталог, кој што во соработка со своите членки (производители, дистрибутери, маркети,...) ќе го пополнува во наредниот период. Секоја членка и учесник во овој проект ќе има бенефити во рамките на нејзиното работење:

  • сите компании (мали и големи) ќе може да ги популаризираат нивните производи и да ја зголемат видливоста на своите производи
  • извозните компании (особено компаниите кои извезуваат во земјите од Европската унија) ќе може да го користат каталогот како начин за исполнување на EU 1169/2011 регулативата, која ќе биде задолжителна од 2015 година
  • малите компании без информациони системи, ќе може да го користат електронскиот каталог за менаџирање на податоците за своите производи
  • дистрибутивните куќи и маркетите ќе можат да ги добиваат податоците за сите нови производи во структуриран начин и истите да ги користат автоматски во нивниот систем