еИнфo
No2 - Maj 2013


Превземи PDF 

Содржина

Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија ја прославија 40-та годишнина на GS1

 

40 години бар кодови


Работна посета на винарската визба "Повардарие" АД Неготино

 

Новости

WCO и GS1 ги здружуваат силите во борбата против фалсификувањето и го пуштаат во употреба новиот мобилен IPM

 

Теми на бројот

 GS1 стандардите можат да им помогнат на владите да ја зголемат безбедноста на нивните граѓани  

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

 

     Во желба да ви ја доближиме тематиката на GS1 стандардите и олесниме пристапот до актуелните содржини и интересни информации, минатиот месец започнавме со издавање на наше електронско списание ИНФО. На овој начин ќе бидеме во можност секој месец да ги дополниме и збогатиме Вашите знаења со најнови текстови кои ги следат активностите на експертите во рамките на GS1 Global Office и развојните тимови задолжени за следење на темите ширум светот.

        Првиот, априлски број беше посветен на прославата на 40-та годишнина на меѓународната GS1 организација, бидејќи се совпадна со 3 април 1973 година, кога лидерите во прехранбената индустрија заеднички го избраа линеарниот бар код (ЕАН-13 бар код симбол) како нивен индустриски стандард за идентификација на производите, сега познат како GS1 бар код, без кој денес не може да се замисли регуларно движење на стоките низ трговскиот синџир низ светот и бизнис комуникацијата помеѓу различните географски и јазични подрачја.

      Во овој број ќе Ве информираме какo GS1 Македонија со своите активности се вклучи во планетарното одбележување на 40-та годишнина на GS1 - Глобален јазик на бизнисот, со многу други интересни содржини. Со овој информатор, се надеваме дека ќе Ви помогнеме подобро да ја разберете GS1 организацијата и нејзините активности. На пример, дали знаете дека GS1 организацијата oваа година слави 40 години од нејзиното формирање? Или дека има 111 членки ширум светот? Дали знаете дека повеќе од 2 милиони компании, мултинационални и локални, ги користат нашите стандарди за своите бизнис потреби во повеќе од 150 земји? Дали знаете дека GS1 стандардите се користат во сите сектори, вклучувајќи ги здравството, транспортот и логистиката, индустријата за високо технолошки производи, автомобилската индустрија, банкарскиот сектор, книгоиздателството и печатените списанија и весници, библиотеките, магацинското ускладиштување, а најмногу во синџирот на набавка во трговијата, производството и малопродажбата...?

       GS1 Стандардите обезбедуваат основа која дозволува продуктите, сервисите и информациите за нив да се движат поефикасно и побезбедно, за доброто и благодетот на бизнисот и за подобрување на животот на луѓето, секој ден и секаде.

       Ве очекуваме на страниците на GS1 Македонија е-Инфо списанието, како наш скромен придонес кон намалување на бројот на печатени страници и зачувување на животната средина.