Македонски     English

Постапка за зачленување

Процедурални чекори:


  1. Искажување интерес за членување во GS1 Македонија и пополнување и достава на Пристапница и на GS1-01 Анкетен формулар; (Пристапница [PDF] и Анкетен фомулар [PDF])

  2. Информирање за Меѓународната GS1 организација и Статутот на GS1 Македонија, и прифаќање на неговите одредби;

  3. Уплата на пристапнина и членарина согласно донесената одлука за утврдување на висината на пристапнината, членарината и надоместокот за користење на ГС1 бројот за 2018 година, бр. 02-175/6

  4. Обезбедување увид во релевантна документација; и

  5. Потпишување Договор за членување во GS1 Македонија. За да ја преземете првата страница на Договорот која можете да ја пополните со Вашите податоци одете на следниов линк: Договор страница 1

По регулирањето на наведените формалности на членката и се издава РЕШЕНИЕ со кое и се доделува Единствен Матичен GS1 број.

Зачленувањето се изведедува:

  1. Со непосреден контакт со стручната служба на GS1 Македонија;

  2. Преку пошта/факс; или
  3. Е-комуникација.
ВАЖНО: Доколку Договорот се потпишува во просториите на GS1 Македонија, застапникот на членката мора со себе да има печат и штембил, а доколку истиот не е управител, и соодветни овластувања.

На увид треба да се донесе или достави:

  1. Решение за упис на фирма и тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија - оригинал или копија заверена кај нотар

По извршениот увид и верификација на податоците презентирани во Пристапницата и GS1-01 Анкетниот формулар, сите документи се враќаат.