Добредојдовте во GS1 Македонија The Global Language of Business
Google мапа
Синџирот на снабдување кај индустриите учесници во трговијата на мало станува се покомплексен. Интеракцијата деловен со деловен партнер се проширува на интеракција на деловен партнер со потрошувач. Со оваа додадена комплексност, вработените задолжени за квалитет во мултинационалните корпорации или сопствениците на индустриски капацитети кои се занимаваат со производство на храна треба да имаат можност за следење и лоцирање на продуктите од изворот на суровината до крајната дестинација на продуктот. Следливоста која што се овозможува преку GS1 стандардите им овозможува на засегнатите страни видливост на продуктот низ синџирот на снабдување. Дознајте повеќе за тоа како функционира следливоста во трговијата на мало >
Нашите стандарди нудат глобална уникатна идентификација и прибирање на податоци за трговските единици, средства, логистички единици, страни и локации. Дополнително нашите стандарди овозможуваат критичните податоци при трговската размена да бидат зачувани и на тој начин да постои урамнотежена размена на информации за следливоста меѓу трговските партнери.
GS1 стандард за глобална следливост
HИм помага на потрошувачите во нивната информираност за клучните атрибути на продуктот како на пример присуство на алергени во составот на храната
Помага во борбата со фалсификаторите и го штити интегритетот на брендот
Ние можеме да Ви помогнеме