еИнфo
No11 - Март 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Семинари

Презентации


Работилници


Форум


Едукација

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   

   Моите пораки и желби испратени на почетокот на новата година, да 2014 на сите нас биде исполнета со нови знаења, искуства, енергија и успешни резултати, сега на почетокот на пролетта сaкаме да ги споделиме со вас нашите постигнувања.

   Сите активности што GS1Mакедонија ги презема, инспирирани се со вашите потреби и барања, а со цел да ви овозможиме подобро и поквалитетно работење со примена на GS1 системот на стандарди.

   Сите наши сознанија стекнати преку сопствена едукација и инвестирање во знаење, ние ви ги пренесуваме преку нашите написи, ги објавуваме на нашиот веб сајт, а во директни средби или поголеми едукативни настани или интерактивни работилници сме во постојан контакт со вас.

   Во овој број ќе ве информираме за некои позначајни случувања од тековното работење на GS1Македонија.

   Со гордост би ги издвојила меѓународното признание добиено од највисокото раководство на централата во Брисел (GS1 Global Office) за успешниот проект за воведување на GS1 DataBar во Македонија и за сите учесници во него, како и за освоеното трето место во меѓународна конкуренција од 110 држави за постигнати резултати во промоцијата на 40-та годишнина на Глобалната организација.

   На национален план голем успех постигнат е што регулаторните тела од областа на здравството ги препознаа глобалните GS1 стандарди како иднина во баркодирањето и би ја потенцирала нивната поддршка на неодамна одржаниот прв семинар во нашата Република за GS1 DataMatrix-от како бар код на иднината.

   Доколку сакате да објавиме напис и за вашите постигнати резултати и успеси на вашата фирма, слободно доставете ни ги текстовите со ваше лого и слики.