еИнфo
No24 - јуни 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за Разбирање

Модернизација на Синџирот на Снабдување со фармацевтски прoизводи во јавните болници во Хонг Конг

EPC/RFID го револуционизира здравството со користење на паметни хируршки елементи

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Најновата технологија за означување на производите и пренос на информациите за истите - EPC/RFID и GS1стандардот EPCIS се во фокусот на нашето внимание овие два месеци. Во претходниот број на списанието Ве запознавме со нивните основи, техничките елементи и карактеристики, начинот на работа, бенефитите и презентиравме пример од пракса во болница во американската држава Тенеси.

    Во почетокот на јуни организиравме семинар на тема „EPC/RFID – GS1 иновативна технологија на 21-от век“. Семинарот беше оценет за успешен и предизвика исклучителен интерес кај присутните од секторот здравство и фармација, бидејќи за прв пат во Република Македонија се одржа едукативен семинар на оваа тема.

    Во овој број Ви пренесуваме информација од Саудиска Арабија за соработка помеѓу Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија со потпишаниот Меморандум за Разбирање со цел спречување на ширењето на фалсификувани производи со примена на GS1 стандардите. Ве информираме и за искуствата од GS1 Хонг Конг и имплементацијата на GS1стандардите во јавното здравство. Меѓутоа, продолжуваме и со голем број информации за EPC/RFID и неговата примена во здравствениот сектор.

    Многубројни се бенефитите од користењето на EPC/RFID технологијата во здравствениот сектор и фармацијата, но би ги издвојила најсуштинските:

  • се обезбедува севкупна следливост ( на лекови, средства, опрема, хируршки инструменти, персонал, пациенти, досиеја, итн.)
  • се оптимизираат болничките процеси и процедури;
  • се подобрува квалитетот на здравствените услуги;
  • се зголемува безбедноста на пациентите;
  • се намалуваат залихите и трошоците;
  • се обезбедува автоматизација на процесите за пренос на информации и документација;
  • се зајакнува ефикасноста при откривањето на фалсификувани производи.