еИнфo
No23 - мај 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Основи на EPC/RFID и EPCIS

Медицинскиот центар при универзитетот од Тенеси, безбедно ги мониторира материјалите во операционите сали преку корпите за отпадоци.

Дали да се имплементира реално временски локациски систем или не!

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Нашата мисија да постојано Ве информираме со најновите случувања и трендовите во светот во областа на теориската и практичната примена на GS1 системот на стандарди, ја реализираме со текстовите содржани во овој број на нашето електронско списание.

    EPCIS е GS1 стандард што им овозможува на трговските партнери да споделуваат информации за физичкото движење и статусот на продуктите како што тие патуваат низ синџирот на снабдување – од еден до друг деловен партнер, а во иднина и до крајниот корисник. Овој стандард помага во одговарањето на прашањата „Што, каде, кога и зошто“ прашања кои ги поставуваат корисниците и регулаторните тела за добивање на точни и детални информации за даден продукт.

    Станува збор за најновата EPC/RFID технологија за означување на производите и пренос на информациите за истите. Оваа технологија овозможува идентификација на производите, те. читање на податоците за продуктите и на оддалеченост до 10 метри (без разлика дали продуктот е во видното поле на читачот или не), со можна брзина на читање и до 500 продукти во секунда, како и меморирање и зачувување на податоците. Бенефитите за корисниците се: зголемена брзина на протокот на стоките низ синџирот на снабдување, поголема достапност на производот, обезбеден квалитет и сигурност на податоците за производите, зголемена видливост на производот во неговото движење низ синџирот на снабдување, податоци добиени во реално време и обезбедување поголема и поквалитетна следливост.

    Електронскиот код на продуктот или EPC е уникатен сериски број со кој што се означени продуктите во форма на мемориски чип. На меморискиот чип прикачена е радио антена која го емитува EPC во форма на радио бранови до Радио Фреквентниот Идентификатор (RFID) читач.

    Електронскиот код на продуктот содржи богатство на информации за продуктот како што се: име на производителот, земја на потекло, дата на употреба, информации за испраќачот и дестинацијата итн. Еднаш штом EPC тагот ќе се прочита од RFID читачот, податоците можат да се пратат до базата на податоци и истите да се споделат со трговските партнери.

    Примерот на практичната употреба на EPC/RFID технологијата во Универзитетската болница во градот Ноксвил, во Американската сојузна држава Тенеси Ви го презентираме во овој број на списанието.