Настани на GS1 Македонија

Сo GS1 стандардите до зголемена конкурентност на македонската текстилна индустрија

Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4 25/10/2016 10:30

Почитувани,

GS1 Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува на бесплатен еднодневен едукативно-информативен семинар, на кој за прв пат во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со примената на GS1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивно користење.

Тоа е можност да се запозанете со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на Вашите деловни процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Примената на GS1 стандардите Ви овозможува да ги намалите трошоците, ги подобрите транспортните и логистичките операции, ги одржите залихите на оптимално ниво, ја зголемите продажбата и извозот.

Семинарот е наменет за сите компании од областа на текстилната индустрија, (облека, мода и обувки).

Предавач на семинарот е г-дин Маркус Милер, германски експерт за воведување на GS1 стандардите во текстилната индустрија, со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL- GS1 Global Office, Brussels, како директор на индустријски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка.

Искористете ја оваа можност за бесплатно проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис.
Ве молиме да се пријавите најдоцна до 21 октомври 2016 година (петок), бидејќи 24 октомври (понеделник) е неработен ден во РМ.

Најавете се online тука .