Интерактивна работилница за GS1 стандардите- ПРИЛЕП

Во организација на GS1 Македонија со логистичка подршка на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на ден 29.05.2013 година во Прилеп се одржа интерактивна работилница за GS1 стандардите, на која присуствуваа 50 претставници на фирми- членки на GS1 Македонија. Настанот предизвика голем интерес и беше медиумски покриен.

Целта на интерактивната тренинг сесија во целост се реализира- да се доближи тематиката на GS1 стандардите до членките во регионот и да им се овозможи стекнување на квалификувани знаења за GS1 системот во целина, за неговата меѓународна распознатливост и примена во различни области, за местото и улогата на GS1 Македонија во овој меѓународен систем на стандарди. Со оваа обука и дополнителните информации што се презентираа, ќе се помогне лесно, правилно и ефикасно да се користат GS1 стандардите во секојдневното деловно работење и ќе се исползуваат бенефитите со кои се стекнуваат членките на GS1 Македонија.

Низ презентации и филмски материјали подетално се обработија следниве теми:

  • Идентификациони клучеви - основа на GS1 системот (GTIN, GLN, SSCC)
  • Означување на транспортни кутии со GS1-128 бар код симболот
  • Означување на палети со GS1 Логистичка етикета
  • Презентирање на софтвер за генерирање на GS1-128 бар код симболот и GS1 Логистичка етикета со негова практична примена
  • Верификација на баркодовите и неговата важност


Со помош на тимот на GS1 Македонија, присутните имаа можност сами да генерираат логистичка етикета со сите потребни информации потребни за правилно означување на транспортните палети.


По завршување со тренинг обуката, тимот на GS1 Македонија оствари работна посета на нашите членки ПИ „Витаминка“ АД и "Комфи Ангел" ДОО.

Корисни линкови