еИнфo
No20 - февруари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Внесен 2000-тиот производ во GS1 Каталогот

Податоци надвор од етикетата: Обезбедување дигитални информации во кои потрошувачите може да веруваат

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

    Во наредните три броја на нашето електронско списание ќе Ве информираме за глобално се поприсутната експанзија на дигитализацијата и нејзиното влијание во сите сфери на нашето работење и живеење.

    Индустриите од сите сектори имаат одговорност да им помогнат на потрошувачите да направат одлуки базирани на веродостојни информации. Животите на потрошувачите се менуваат како резултат на новите технологии кои ги користат дома, на работа или во продавниците, а со тоа се менува и нивниот однос кон купувањето. Поради тоа, сите компании кои се занимаваат со производство и трговија на производи мора да започнат со развивање и одржување на нови релации со потрошувачите преку користењето на новите технологии. Секако, предуслов за тоа е обезбедување на достапни и точни информации за производите.

    Квалитетот на податоците е особено значаен за безбедноста во здравствениот сектор, правилна нутритивна исхрана и лична безбедност и секое нарушување на ваквиот квалитет може да предизвика сериозни последици кај купувачот и тој ќе ја загуби довербата во целиот систем. Иако досега единствено постојат закони кои ги регуларираат податоците кои се наоѓаат на етикетата на производот, во иднина овие закони се очекува да се прошират и да ги опфатат и податоците достапни online. Во светски рамки дигиталниот начин на купување на производот станува доминантен начин на купување.

    Сопствениците на брендовите сеуште не ја имаат сфатено потребата од овозможување на овие податоци да бидат достапни до купувачите во дигитален формат. Ако вашите купувачи не можат да го пронајдат производот на полица, тогаш тие нема да го купат. Истото важи и за интернетот.

   Целта на GS1 е да помогне во креирање на комуникација за размена на автентични податоци за производите обезбедени од сопственикот на брендот до трговците, развивачите на мобилни апликации и владата. Поради тоа е креиран и нашиот GS1 Каталог на македонските производи, чии корисници се поголемиот број на нашите членки.