Почитувани
читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија
Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.
извршен директор
Продолжувајќи ја нашата мисија да бидеме Ваш прозорец кон светот во однос на новините кои се случуваат во разни области, а директно вли-јаат на Вашите бизнис реализации или идни развојни активности, во овој број на е-ИНФО-то Ве информираме за најновата законска обврска на Европската Унија - Регулатива ЕУ 1169/2011, која се однесува на сите чинители во Прехранбениот сектор.
Со оваа проблематика интензивно ќе се бавиме следните месеци. За сега го издвојуваме следното:
- Регулативата ќе стапи на сила на 13 декември 2014 година во сите земји членки на ЕУ.
- Во Регулативата е содржано барање да значајни информации за храната бидат достапни на потрошувачите пред купување преку веб страница или друга on line продажба.
Најбитното е дека:
- Задолжителните информации за храната мораат да бидат достапни пред остварување на купувањето и да бидат наведени во пропратниот документ при продажбата на далечина или треба да се дадат во некој друг соодветен облик кој субјектот кој работи со храна мора јасно да го одреди. Доколку се користат други соодветни облици, субјектот кој работи со храна мора на потрошувачите да им ги даде задолжителните информации за храната без наплата на дополнителни трошоци.
- Сите задолжителни податоци мораат да бидат достапни во моментот на испораката.
- Овие задолжителни информации мора да бидат достапани на веб страната, без надокнада за потрошувачите.
- Доколку податоците не се достапни, храната не може да се продава преку веб страници.
- Потребна е соработка помеѓу сопственикот на трговската марка и on-line трговецот, како би се осигурало да точни и потполни информации за храната бидат достапни во согласност со законот.
- GDSN и GS1 Каталогот на GS1 Македонија спаѓаат во сигурни извори на податоците (TSD - Trusted Source of Data). Тоа е рамка која може да ги исполни тие барања. Одговорноста паѓа на товар на сопственикот на трговската марка и на веб операторот
- ЕУ проценка на влијанието направена од страна на адвокатската фирма Mason, Hayes & Curran. Погледај:
http://www.gs1.org/docs/b2c/EU_FIR_Impact_Analysis.pdf
- Посебен скратен прилог како GS1 B2C TSD може да помогне на сопствениците на трговските марки и on-line продавачите. Погледај:
http://www.gs1.org/docs/b2c/EU_Regulation_1-pager.pdf
Согласно Регулативата ЕУ 1169/2011, следните податоци за производот мораат да бидат прикажани на етикетата на пакувањето:
Називот на храната.
- Пописот на состојките.
- Сите состојки или помо-шни состојки во процесот на производство кои се наведени во Прилогот II на Регулативата, или добиени од состојките или помошните состојки од Прилогот II а кои предизвикуваат алергија или нетолеранција, а кои се употребени во процесот на производство или подготовка на храната и кои се присутни во готовиот производ, дури и во изменет облик (листата на на алергенси мора да биде декларирана како е наведено во Прилогот II.
- Количина на одредени состојки или категорија на состојките.
- Нето количина на храната.
- Датум на минимално траење или датум на „употребливо до“.
- Посебни услови на чување и/или на користење.
- Име или назив и адреса на субјектот кој работи со храната; те. име или назив и адреса на субјектот кој работи со храната под чие име храната се продава (или назив на увозникот ако е субјет во работа со храна надвор од ЕУ).
- Земја или место на потекло.
- Упатство за употреба или подготовка.
- Реална алкохолна јачина по волумен, за пијалоците кои што содржат повеќе од 1,2% алкохол.
- Нутритивна декларација.
- Лот или сериски број.
Во GS1 Каталогот на GS1 Македонија се внесени сите потребни атрибути како би се задоволиле барањата на EU 1169/2011 Регулативата. Бидете подготвени за новите регулаторни барања за пристап на европскиот пазар и приклучете се кон нашиот Каталог, за што последните месеци постојано Ве информираме.