GS1 Discovery App

Моќна. Лесна. Интерактивна.

За разлика од еднодимензионалните брошури и PowerPoint презентации, оваа веб алатка со нејзината интерактивност и флексибилност ќе им помогне на корисниците да се запознаат со GS1 стандардите на нов, модерен начин.

GS1 Discovery App е лесна за користење алатка која ги покажува GS1 стандардите "во акција" низ дистрибутивниот синџир и интероперабилноста што произлегува од бизнис процесите базирани на стандарди. На овој начин ние може да го зборуваме "глобалниот деловен јазик" на поинтересен начин.

Кој е подобар начин да се раскаже приказна за видливоста во дистрибутивниот синџир отколку да се следи патувањето на одредени производи од производителот до потрошувачот. На тој начин корисниците може многу лесно да ги разберат и истражат приказните кои покажуваат како GS1 стандардите нудат бенефити за бизнисите.

GS1 Discovery App може да се пристапи насекаде и во било кое време од сите компјутери и мобилни уреди.