EPC/RFID

Електронски код на продукт / Радио фреквентна идентификација (EPC/RFID)

Електронскиот код на продуктот или EPC, претставува мост меѓу GS1 бар код базираните идентификатори и се поатрактивната во светски рамки радио фреквентна идентификација. Видливоста овозможена во синџирот на снабдување преку имплементација на оваа EPC/RFID технологија за означување на продуктите е поточна, а следливоста е поголема. Оваа технологија овозможува идентификација на продукти, зачувување и читање на податоците за продуктите и на оддалеченост до 10 метри (без разлика дали продуктот е во видното поле на читачот или не), притоа се постигнуваат и брзини на читање и до 500 продукти во секунда. Сето ова носи бенефити за корисниците преку подобрена достапност на продуктите, зголемена брзина на проток на стоките низ синџирот на набавка и обезбеден квалитет на продуктите.

Како работи EPC/RFID

EPC/RFID

Електронскиот код на продуктот е уникатен сериски број со кој што се означени продуктите во форма на мемориски чип. На меморискиот чип прикачена е радио антена кој го емитира EPC во форма на радио бранови до Радио Фреквентниот Идентификатор (RFID) читач кога тоа е побарано. Читачот може да биде рачен и истиот треба да биде во опсегот на домет на EPC тагот. Различните предмети во продавниците или магацините можат да ги попречуваат радио брановите, но за разлика од класичната бар код технологија, кај EPC/RFID технологијата нема потреба од директен контакт меѓу читачот и означениот продукт со EPC таг.

Електронскиот код на продуктот содржи богатство на информации за продуктот како, име на производител, земја на потекло, дата на употреба, информации за испраќачот и дестинацијата итн. Еднаш што EPC тагот ќе се прочита од RFID читачот, податоците можат да се пратат до базата на податоци и истите да се споделат со трговските партнери.

EPC/RFID Стандард

Идентификација

RFID воздушни интерфејси

RFID софтверски интерфејси

Упатства за имплементација

Потребен Ви е Бар код?

Соработката со GS1 Македонија ќе Ви обезбеди сигурност да сите Ваши бар кодови и уникатни броеви бидат прифатени од најголем број на трговци и дистрибутери насекаде низ светот.